Кога вашите тимски играчи го имаат својот најдобар перформанс лесно е да се претпостави дека се`е во ред. Меѓутоа, многу е важно да го одржувате фокусот на клучните вработени. Иако тие најмалку се жалат за проблемите со кои се соочуваат за разлика од останатите, можеби и ви замеруваат за бројни причини за кои не сте свесни и на кои не обрнувате внимание. Еве зошто вашите вработени би размислувале да работат на друго работно мето.
1. Се чувствуваат потрошено
Кога работниците работат добро, тогаш се наградуваат за својата работа. Понудете им поддршка и слободно време со цел да им надокнадите за часовите напорна и вредна работа која ја извршиле. Избегнувајте наметнување на превисоки очекувања со цел истите да не се чувствуваат преоптоварено. Поединци од тимот не смеат да го носат товарот на целата група. Откријте што им е потребно со цел да обезбедите најдобар можен перформанс.
2. Не располагаат со добри алатки
Застарените компјутери, недостатокот на вработени за поддршка – сите овие активности пренесуваат порака дека не сте заинтересирани да инвестирате во продуктивоста на вашиот тим. Направете го најдоброто што можете со вашиот буџет и периодично консултирајте се со својот тим дали постојат прашања за кои е потребно вашето внимание.
3. Се чувствуваат недоволно ценети
Доколку сметате дека платата на вашите вработени е доволно признание за добрата работа која ја прават, тогаш потребно е да размислите од друг агол на ова прашање. Кога работниците работат вредно, добивањето на признание од нивниот претпоставен за својот труд може да направи голема разлика во нивниот морал. Различни лица реагираат различно на различни форми на признавање на работата и трудот. Дознајте што е значајно за вашите вработени, без разлика дали се тоа зборови со кои ќе се обезбеди афирмација, јавна пофалба на следниот состанок со тимот или пак зголемување на платата со некој бонус, и не заборавајте константно да им покажете на своите вработени дека го забележувате и вреднувате нивниот труд.
4. Околината не е доволно иснпиративна
Работното место треба да е чисто, комфорно и удобно колку што дозволува и самиот буџет по таа ставка. Вашите вработени поголемиот дел од своето време го поминуваат на своите бироа, па затоа е важно да имате место каде ќе се чувствувате енергично и мотивирано. Направете го просторот за работа инспиративен,чист и свеж со цел вашите вработени да бидат мотивирани да бидат продуктивни во својата работа.
5. Не растат
Добрите вработени се само-мотивирани со инстинктивна желба за успех. Ова значи дека тие исто така размислуваат и за сопствениот развој во целокупниот процес. Доколку не е соочени со дополнителни предизвици , одговорности и можности во вашата организација, тие ќе ги бараат тоа надвор од неа.
6. Тие сакаат да заработат повеќе
Кога ќе го погледнете трошокот за регрутирање на вработени, вработување, тренинг и дополнително време за влез во шемата на работа, тогаш размислете колку се вредни вашите сегашни вработени за вас.
Потрудете се да им обезбедите компетитивна плата и награди и бонуси кога можете. Не чекајте да побраат од вас покачување, проактивно следете го нивниот компензациски пакет и погрижете се истиот да расте во согласност со вредноста на вашата компанија.
7. Не се гледаат во иднина во компанијата
Доколку не сакате да сте само еден од чекорите на патот на кариерата на еден одличен вработен, откријте кои се неговите долгорочни цели и потрудете се да бидете голем дел од нив. Дозволете им да ги истражат своите капацитети за раст во рамките на компанијата, давајќи им поголеми одговорности со текот на времето и нудејќи им начини на кои може да напредуваат во кариерата во рамките на вашата компанија.
8. Чувствуваат дека не им е слушнат гласот
Сите ние сакаме да почувствуваме дека правиме разлика некаде. Вимавајте на комуникацијата со своите вработени. Прашувајте ги за нивните мислења и постојано информирајте ги за постигнувањата и предизвиците на компанијата.
9. Не им е јасна доволно вашата визија
Високо-ефективните работници сакаат да знаат дека се дел од победнички тим. Обрнете внимание и дајте им до знаење кои се вашите вредности со дефинирање на јасен план за секого во рамките на организацијата.