Фејсбук веќе знае многу работи за нас, но оваа година и ние научивме нешто за него
- Facebook сака да биде ТВ мрежа
Новиот Watch hub нуди модел сличен на телевизијата: рекламни паузи во видеата, дизајнирани на начин да бидат репродуцирани со вклучен звук. Сепак, компанијата и понатаму има проблем со превземање одговорност за информациите на својата платформа. Извршниот директор на Фејсбук, Марк Цукерберг изјави дека „лудо“ е да се мисли дека лажните вести влијаеле на гласачите, но после тие изјави, соработуваше со иницијативите за проверка на фактите како се PolitiFact, Snopes, ABC News, FactCheck.org и Associated Press. Меѓутоа, некои од партнерите се фрустрирани од фактот што Фејсбук не сака да сподели информации за тоа дали програмата функционира. Од друга страна, други се жалат на либералната пристрасност на платформата.
- Се` уште не може да му се верува кога известува за сопствените мерења
Проблемите со извештаите продолжуваат, што ги тера компаниите да бидат максимално внимателни по прашањето за инфомациите кои ги споделува за ефектот на рекламите и постовите на мрежата. Фејсбук откри дека на некои огласувачи погрешно им ги наплатувал кликовите на рекламите цела година. Исто така, се покажа дека на огласувачите им се наплатуваат видозаписите кои се прикажуваат надвор од погледот на мобилната верзија на платформата и дека погрешно им се наплатува на огласувачите за видеозаписите кои се прикажуваат надвор од погледот во Instant Articles. Компанијата се отвори за независен надзор и надворешна ревизија.
3. Не мора да се прислушкуваат вашите разговори
И онака веќе кажавте што сакате да купувате, каде се наоѓате и со кого веројатно се дружите.
- И понатаму е многу лесно да правите расистички реклами
Една година откако организацијата ProPublica закупи реклами на Фејсбук за изнајмување на станбен простор, со филтри кои оневозможувале да ги видат луѓето од црната раса и други луѓе, го повторија експериментот и открија дека не се внесени никакви подобрувања. Се покажа дека е лесно и да се купат реклами за луѓе заинтересирани за теми како на пример „како да се запалат Евреите“.
5 . Ни на руските тролови не им е тешко да купуваат реклами
Дознавме дека руски агенти во текот на претседателските избори во САД во 2016 година, купувале реклами маскирани како заговарачки постови на интересни групи во Америка, и тоа на двете страни.
- Фејсбук „го растура општественото ткиво“
Камат Палихапити, поранешен потпретседател на Фејсбук за раст на корисниците, изјави дека чувствува „огромна вина заради својата улога во градењето на оваа компанија“. И поранешниот претседател на Фејсбук, Шон Паркер изјави дека неговите творци знаеле дека „ја искористуваат ранливоста во човечката психологија“ … “Којзнае што им прави на мозоците на нашите деца“, изјави тој.
- Цукерберг можеби се надева дека еден ден ќе биде претседател
Цукерберг започна целогодишна „турнеја на слушање“, состанувајќи се со лидерите и фотографирајќи се со обичниот народ. Исто така, ја замени својата маичка со вратоврска.