Колумна на Алисон Стеинберг, директор за комункиации во Empire State Pride Agenda, првично објавена на PRdaily.
Што може да биде по корисно од колега кој ви укажува на која приказна да направите pitch, каков подвиг на направите или какво соопштение да објавите? :)
Тоа би било одлично доколку вашиот колега е комуникациски професиналец, а не човекот кој работи ИТ, човечки ресурси или нешто други и нема искуство на тоа поле.
Се разбира, потребно е цело ‘село’ за да се подигне свеста за брендот, а добрите идеи може да доаѓаат од сите делови на организацијата. Дел од тоа да се биде добар комуникациски лидер е способноста да се слушаат различни мислења и да се извлекуваат идеи од сите вообичаени и невообичаени места, но сите ние сме морале да се соочиме со не-информирани побарувања кои доаѓаат од луѓе кои мислат дека знаат се’, но во реалност тоа не е така. Такви побарувања може да доаѓаат и од некои со поголем ‘чин’ од вас, и ќе ви биде потребна паметна дипломатија и маневри за да се извлечете ‘неповредени’.
Еве некои од најчестите проблеми со кои може да се соочите и неколку совети како да се справите без да ризикувате да го нарушите вашиот однос:
- Вашите колеги се навистина возбудени за нешто на што работите и сакаат да го објавите јавно, но знаете дека не е вредно за тоа. Ова е често добар проблем за да се има, бидејќи значи дека вашите колеги се навистина ангажирани во својата работа и го ценат она што го правите.
Но, понекогаш вашиот техничар е толку возбуден за некоја надградба на инфраструктурата за која знаете длабоко во вашето ПР срце дека ниту еден медиум нема да се труди да ја покрие. Во вакви случаи, најдборо е да ја пренасочите таа енергија отколку да ја ‘соборите’. Охрабрете го вашиот колега да напише блог пост за надградбата со акцент врз тоа што ќе значи таа надградба во крајна линија за компанијата и како ќе го подобри искуството на потрошувачите.
- Вашиот шеф или некој на повисока позиција ќе побара да направите нешто што нема врска со вашата работа или брендот. Можеби некој директор е навистина возбуден за некоја нова донација која ја направил или се приклучил на некој нов борд. Можеби некој е вљубен во активноста во која учествува неговото дете и го пренасочува својот ентузијазам кон некое ПР побарување. Можеби директорот ќе побара да споделите нешто преку профилите на брендот на социјалните мрежи во врска со оваа организација, или да помогнете на таа организација директно.
Во вакви случаи, најдобро е првин да се обратите кај вашиот директен претпоставен, и ако е можно, тој да ви помогне. Многу е полесно за вашиот шеф да ве брани и да истакне дека вие не треба да работите нешто што е надвор од описот на вашето работно место, или дека предложениот пост на социјалните мрежи не е во согласност до начелата на брендот кои директорот претходно ги одобрил.
Ако одењето кај вашиот претпоставен не е опција, осмислете учтива белешка до вашиот директор барајќи да ви помогне во идентификацијата како ПР барањето се вклопува во работата на вашиот бренд или како таа информација е релевентна за вашата публика. Многумина ќе сфатат дека барањето било несоодветно и ќе го повлечат.
- Вашите колеги бараат од вас да испланирате прес конференција или да направите некој настан за да добиете “бесплатна медиумска покриеност.” Малку работи го нервираат некој ПР професионалец од секогаш постојаната заблуда дека односите со јавноста се бесплатен адвертајзинг. Уште позабавно е кога вашите колеги мислат дека можете да организирате прес конференција или да го осмислите следниот Ice Bucket Challenge преку ноќ. Тоа е ласкаво, но нереално и непотребно.
Не е секогаш лесно да ги убедите колегите дека можете да обезбедите иста медиумска покриеност преку стратешко pitch-ирање, со помалку време, пари и стрес кои би ги вложиле во планирањето на прес конференција или настан. Пребарајте некои минати примери за да ја докажите вашата поента, користејќи успешни приказни од вашиот или некој друг бренд. Составете тактички и стратешки план и наметнете го цврсто.
- Вашиот колега се обидува да мироменаџира некаква медиа можност. Можеби некој колега од друг оддел пратил некој кај вас за да послужи како тема за интервју, а вие не сте подготвени за тоа. Можеби вашиот колега работи со вас на некоја посебна медиа можност и почнува да ги пречекорува своите граници. Ви дава непосакувани совети за тоа што треба вие да му кажете на некој новинар, или го критикува вашиот настап, кажувајќи ви што требало да кажете.
Ова однесување е очигледно контрапродуктивно и, во зависност од тоа колку е пристаплив вашиот колега или колку се однесува со почит, ќе биде потребен учтив е-маил, телефонски повик, разговор очи во очи или некоја по формална интервенција ако личноста продолжи да ви попречува во вршењето на вашата работа.
- Вашиот колега оди самостојно да зборува со медиумите без консултација со вас. Најлошиот начин да го научите дека тоа се случило е откако написот ќе биде публикуван. Некогаш, вашиот колега ќе ви каже дека зборувал со новинар, па ќе имате време да ја поправите или намалите штетата, аке е тоа потребно.
Укажете му на колегата на најучтивиот можен начин дека секогаш треба да ве консултира пред да зборува со медиумите, за да можете правилно да го подготвите просторот се’ да оди како што треба. Наместо да го спроведувате вашиот авторитет, поставете се како чувар на вашиот колега. Овој пристап е по позитивен, и генерално ќе ви помогне да ги убедите колегите секогаш да ве консултираат пред да збруваат со медиумите.