Менаџирањето на социјални медиуми стана услуга која само што не почнала да се продава и на кванташки. Добро е што голем број на компании навреме ја увидоа моќта на социјалните мрежи и се спремни да инвестираат ангажирајќи професионалци кои ќе им бидат партнери, а лошто е што секој втор веќе почнал да нуди нешто што го вика “менаџирање со социјални мрежи” и тоа со цени кои поприлично ја девалвираат самата услуга, да не речеме професија.
Вие како маркетинг менаџер или директор на компанија сте биле и ќе бидете во ситуација да ангажирате тим или агенција што би сакале да ја управува вашата комуникација на социјалните мрежи. Или можеби Веќе имате, но сакате да промените нешто во односот. Во продолжение неколку битни прашања кои треба да ги поставите кога го правите изборот на ваш партнер за социјални медиуми:
- Кој ќе ги менаџира Вашите акаунти на социјалните мрежи?
Едно е да правите договор со директорот и наjискусните членови на тимот, а друго е кој всушност навистина член на тимот (или кои членови) ќе биде/бидат задолжени директно за менаџирањето на социјалните акаунти. Колку е тој/таа искусен, респонсивен, преоптеретен со други клиенти. Кој треба да барате кога ќе Ви треба некое инфо или сакате да сугерирате нешто.
2. Дали агенцијата развива стратегија за социјалните мрежи? Како го прави тоа?
Стратегијата е клучна за вистинското насочено управување и развивање на Вашите акаунти на социјалните мрежи. Гледајте на тоа како карта по која треба да се движите. Ако сретнете потенцијален партнер за социјалните мрежи кој не развива стратегија пред да почне да работи за Вас или незнае да Ви каже бриф како ја направил, веројатно е време да побарате друг партнер.
3. Дали Вие треба да обезбедувате содржини?
Секогаш треба да бидете на јасно за што сте Вие задолжени за време на ангажманот или кампањата. Дали Вие треба да им испраќате слики или агенцијата сама ќе обезбедува? Дали Вие треба да им праќате линкови од вести од индустријата или тие самите ќе ги наоѓаат? Расчистувањето на сите овие дилеми ќе Ви разјасни колку Ваше време ќе биде потребно за да функционира некој однос.
4. Дали содржините што ќе ги креираат се уникатни за Вашиот бизнис или се користат и од/за други бизниси?
Значајно е да се знае дали Вие имате ексклузивитет на содржините што Вашиот партнер за социјални услуги ќе ги обезбедува или истите тие содржини тие ќе ги користат и за нешто друго. Многу е Важно Вашата комуникација да биде уникатна и единствена.
5. Како ги “развивате” објавите за социјалниот канал?
Ова прашање ќе Ви даде инсајт во процесот како агенцијата работи. Дали има свој тим за графички дизајн, како акаунтот одлучува што е битно а што не за Вашиот социјален канал и сл.
6. Каков тип на содржини ќе се објавуваат? Дали сите постови ќе бидат за нашата компанија?
Иако една од причините поради која воопшто користите социјални медиуми е да го промовирате вашиот бренд, важно е секое ажурирање да не е само за вашата деловна активност. Запомнете, клучот за социјалните медиуми е социјалното. Дали би биле заинтересирани да следите страница што зборува само за себе цело време?
Наместо тоа, треба да постигнете рамнотежа помеѓу ажурирањата што обезбедуваат нешто од вредност специјално за вашите следбеници (како интересен напис, инспиративен цитат или смешно меме) и ажурирања кои се директно промотивни.
7. Дали контентот ќе го има нашиот препознатлив “глас” ?
Ова е особено важно да биде 100% јасно на Вашиот тим. Тие мора да бидат способни и во моќност да го пренесат Вашиот бренд глас во секоја објава што ќе се појави на Вашите акаунти на социјалните мрежи.
8. Како ќе знам што објавувате на моите канали за социјални медиуми? Дали ќе ги видам ажурирањата пред да одат во живо?
Пред да ангажирате партнер за социјални медиуми, важно е да поставите јасни очекувања. Додека некои бизниси можеби претпочитаат да не трошат време за прегледување на ажурирањата пред тие да се објават, тоа верувајте е важен чекор во контролата на квалитетот. Со трошење неколку минути во преглед на содржината пред таа да биде објавена на вашата страница ќе бидете сигурни дека тоа е порака што сакате да ја споделите.
9. Дали ќе се постира различна содржина на секој различен социјален канал? Како ја прилагодувате?
Секоја платформа за социјални медиуми има своја култура; па важно е вашите ажурирања да бидат направени за да ги искористат можностите на мрежата, како и да бидат прилагодени на „јазикот“ на каналот. Секој “експерт” за социјални медиуми кој ќе ви каже дека треба да објавите исто ажурирање на сите ваши платформи не вреди за вашето време.
10. Како ќе се издвои Вашиот бренд од Вашите конкуренти? Дали се следи што тие објавуваат?
Oва е фантастично прашање што треба да се постави за да дознаете колку и какви истражувања ќе направи вашиот можен партнер на социјалните мрежиза Вашиот еко систем и конкуренција. Ќе одвојат ли време да видат што добро прави вашата конкуренција, или што не прави добро? Дали тие ќе го искористат она што го гледаат за да ја инспирираат креативноста во име на вашиот бренд?
11. Кој одговара на прашањата, коментарите и пораките на нашите следбеници?
Ова е уште едно важна очекување кое треба да се воспостави и разговара од старт. Дали агенцијата за социјални медиуми што ја ангажирате ќе ја следи вашата интеракција? Што прават тие ако добиете прашање, коментар или порака? Дали тие очекуваат Вие да обезбедите одговор или тие ќе се погрижат за тоа?
12. Колку ќе порасне мојата фан-база и колку брзо?
Ова е прашање чиј одговор ќе даде мерливи квантитативни показатели за успешноста на агажманот. Растот на социјалните медиуми ќе зави од различни фактори, како на пример колку често ја ажурирате страницата, дали водите рекламна кампања во исто време, итн.
Одвојте време да го поставите ова прашање за да можете да воспоставите разумни очекувања со партнерот за социјалните мрежи.
Од одговорот ќе увидете и колку често тие ќе ја користат аналитиката за да прават споредби, диверзифицираат тип на објави, следат нивоа на интеракции, преференции на публиката и проектираат очекувања.
Што би додале Вие?