Најголемиот собир на телевизиската индустрија во регионот на Средна и Источна Европа почнува наскоро
Четвртото издание на New Europe Market, конференција во Дубровник на која се собираат професионалци од светските ТВ и медиски индустрии, почнува за само пет денови, во вторник 14 јуни.
После три исклучително успешни години, NEM 2016 уште еднаш ќе го докаже своето влијание и значење во медиумската индустрија во нашиот регион, но и во светот. Десет тематски панели, три специјални презентации на водечки компании во индустријата, директори на едни од најголемите компании на телевизиската индустрија, ексклузивни интервјуа со творците на еден од најпрестижните документарци во регионот, светска премиера на долго очекувана серија, гостување на познатиот британски MasterChef и голем број на прилики за networking и незаборавни забави се само некои од показателите што не очекуваат на овогодинешниот NEM.
Секогаш велам дека за проект од ваков вид треба од три до пет години “да се прими“ и еве не сега нас пред четвртото издание, а одзивот е поголем од било кога. Оваа година има повеќе компании и учесници од било која година претходно и посебно ни е задоволство што има повеќе компании од Средна и Источна Европа, регионот на којшто NEM и се концентрира, изјави Сања Божиќ – Љубичиќ, основач на NEM.
Панелите на New Europe Market веќе од неговото прво издание во 2013 година, се сметаат како најпрестижни дебати за горките прашања во кои учествуваат влијателни членови на индустријата. И оваа година NEM ги истражува клучните теми на телевизискиот свет – за новите телевизиски модели и нивните предизвици ќе слушнеме на панелите How far have we come in OTT monetizing и Is DTH ready for OTT challenge; во панелите Pressure is on, Quo Vaditis, media buying agencies и Embracing the digital ќе се расправа за прашањата за иднината на телевизијата и новите технологии; темата за прилагодување на структурата на каналите во индустријата која постојано се развива ќе ја отворат учесниците на панелот Sports channels – Is the playing field overcrowded и Is channel bundling on its way out; дека содржината е крал ќе докаже дебатите Reality TV – is it fading out or just getting wings и Reboot, remake, revival – are they cluttering the space for new ideas; а на крај ќе уживаме во актуелен панел на важна социјална тема Powerful woman leaders for powerful media industry.
Водечките светски професионалци, вклучувајќи ги Keren Shahar, извршен директор за дистрибуција на водечката компанија Keshet Internationala, Bartosz Witak, виш потпретседател и генерален директор на Viacom International Media Networks за Средна и Источна Европа, Apostolos Triantafyllou, виш потпретседател за продажба на Eutelsat за Средна и Источна Европа и средна Азија, Израел, Кавказ и земјите од германско говорно подрачје, потоа најголемите авторитети на индустријата во регионот како Henning Tewes, претседател на управата на RTL Хрватска, Richard John Brešković, маркетинг директор на Хрватски Telecom, Manje Grčić, директор на Antenna Grupа за Србија и Црна Гора и Dražen Mavrić, претседател на управата на Novа TV, се само некои од престижните говорници кои ќе имаме прилика да ги слушнеме на овогодинешниот New Europe Market.
NEM 2016 ќе го отвори господинот Christoph Mainusch, генерален директор на Central European Media Enterprises и извршен и генерален директор на Nova Group, со воведен говор на тема The futute of TV in a digital environment, а учесниците ќе имаат прилика да слушнат и посебни презентации од дијамантските спонзори на NEM ,Eutelsat и Infobip.
Сцената во панел – собата на NEM 2016 ќе ја завземат и екипата на играно- документарниот филм во копродукција на HBO Europe, Houston, we have a problem, чијашто премиера била одржана во рамките на Tribeca Film Festival, а со кои разговорот за самото создавање, но и содржината на филмот ќе го води ценетата водителка Антонија Мандиќ. Учесниците на NEM ќе имаат и ексклузивна прилика да ја гледаат светската премиера на возбудливата серија на Dalibor Matanić, Novine, која со емитување започнува на есен на HRT.
Podravka ќе ни донесе на NEM и многу посебно задоволство – Кулинарска пауза со британскиот MasterChef Dhruv Baker, кој со помош на познатиот хрватски кувар Mišel Tokić, ќе претстави нова серија на британскиот MasterChef – Croatia’s Finest, а потоа ќе ги почести учесниците со некои од јадењата од својата кујна.
Легендарните забави на NEM нема и оваа година да разочараат и учесниците ќе уживаат во пијалокот за добредојде на Fox Networks Group, ќе го доживеат познатото зајдисонце во текот на Viasat World забавата и ќе се разиграат во текот на забавата на VICE во клубот Lazareti.
NEM продолжува да расте и да се развива, па и оваа година на учесниците ќе им овозможи несекојдневни бизнис прилики.Членовите на менаџментот и управата на најголемите светски медиски компании ќе се соберат во хотелот Dubrovnik Palace на настан кој има за цел да ги промовира потенцијалот и можностите кои ги нуди регионот на Средна и Источна Европа. Од менаџери и членови на управата на телевизиски компании, оператори од целиот регион, продуцентски елити, па се до водечки компании за анализа и технологија, но и самите ѕвезди, комплатната телевизиска индустрија се собира на NEM.
За повеќе информации за панелите, панелистите, спонзорските и networking приликите, следете го настанот на социјалните мрежи: