Петтиот роденден на медиската конференција NEM го обележаa посетата на актерот Michael Weatherly, добри панелисти, интересни информации, учеството на министерот за култура на Р.Хрватска и импресивни бројки. Во текот на четирите дена на одржување, NEM докажа дека е релевантен фактор и важен играч на динамичното европско тло и дека е верен партнер на сите свои посетители во вид на новитети, трендови и поврзување на пазарите
NEM 2017, медиската конференција посветена на телевизиската индустрија со посебен нагласок на Средна и Источна Европа, се одржа минатата недела од 12-15 јуни во бисерот на Јадранот – Дубровник. NEM оваа година ја прослави петтата година на најдобар можен начин: освен што оваа година е забележана најголема посетеност досега, организаторите можат да се пофалат и со други аспекти кои и тоа како допринесоа за склучување на нови соработки и унапредување на телевизиската слика во Европа, но и во светот.
NEM 2017 во рекордни бројки
Од почетокот на 2013 година па до 2017 година се променија многу работи, но една работа остана иста – визијата која ја негува NEM. Факт е дека во време на основањето на NEM не постоеше конференција во регионот на Централна и Источна Европа која би се занимавала со телевизиските пазари и која би споделувала интересни и релевантни информации, а истовремено би овозможила склучување на соработки во различни сфери.
Доказ за остварената мисија и визија на NEM се овогодишните бројки. Преку 800 учесници го посетија овогодишниот NEM, а во разговор со посетителите ги истакнаа вредностите кои се настојува да нагласат секоја година: опуштеност, пристапност, нови бизнис можности и важни информации изнесени на панел-дискусиите. Панел-дискусиите и посебните презентации доведоа вкупен број од 53 стручњаци панелисти кои доаѓаат од самиот врв на телевизиската индустрија, а кои со своите искуства без воздржување го споделија со сите гости на NEM. Публиката, заедно со панелистите, се значаен фактор и создаваат плодно тло за нови деловни соработки и лични напредувања. NEM оваа година успеа да привлечи гости од 50 земји од сите континенти, што претставува многу разновидна публика со различни локални искуства: прашањата од публиката и комуникацијата во текот на networking настаните секако покажаа различна пракса.
NEM од самиот почеток настојува самостојно да ги финансира сите организациски трошоци, но без помош на своите верни спонзори не би успеал да ја подигне конференцијата на ова ниво, ниту да допре до голем аудиториум. Оваа година преку 30 спонзори одлучија да му веруваат во NEM и да го поддржат во границите на своите можности, создавајќи добра бизнис приказна заедно со организацискиот одбор.
Врвни стручњаци и топли бизнис приказни
NEM 2017 е обележан со добри панели и презентации, кои на гостите на NEM им послужија не само како инспирација, туку и како можност за продлабочување на знаењето.Izzet Pinto, основач и претседател на Global Agency, одушеви со својата инспиративна приказна за скромните почетоци на агенцијата која прерасна во една од најголемите независни дистрибутери на телевизиски формати. Во својата презентација, посетителите ги подучи дека постојат многу падови кои ќе доведат до конечно искачување и дека треба да вложат труд и да ризикуваат, односно да се водат од слоганот „go big or go home“. Повеќе за неговата успешна приказна можете да слишнете во интервјуто достапно на YouTube каналот на NEM.
Еден од панелите кој предизвика голем интерес, „Не можете да ме запрете: моќта на ТВ каналите“, ги собра најголемите имиња на овогодинешниот NEM како: Karin Heijink, потпретседател за содржина и производи во Viasat World Limited; John Rossiter, генерален директор за Средна Европа во Sony Pictures Television Networks; Victorijа Davies, постар потпретседател и Country Manager на компанијата Discovery Networks за подрачјето на Средна и Источна Европа; Michael Moriarty, претседател на AMCNI за Средна Европа и Bartosz Witak, виш потпретседател и генерален директор на Viacom International Media Networks за Средна и Источна Европа и Израел. Панелистите донесоа заклучок дека не е вистина дека постојат премногу канали, но проблем е тоа што на пазарот постојат премалку канали со квалитетна содржина. Нагласија дека пазарот мора да содржи свежа, јасна, релевантна и интересна содржина која ќе ги заинтересира гледачите.
Вториот панел кој пробуди најмногу интерес беше посветен на Free To Air каналите и нивната доминација меѓу телевизиската публика. Која е тајната на нивниот успех, открија челниците на големите телевизиски национални куќи во Средна и Источна Европа: Krešimir Bačić од Хрватската радиотелевизија, Petr Dvorak од Чешката телевизија, Matthias Settele од словачката TV Markiza и Pete Smith, директор на Antennа International. Моќта на бесплатното и понатаму е особина која на FTA каналите ќе им дава популарност, но тука е и дополнителниот ангажман со кој секојдневно мораат да се борат за да останат релевантни во се` поголемиот простор на телевизиски канали. Во посебното интервју на NEM YouTube каналот , Matthias Settele открива како креатор на формати, како овие видови канали успеваат да преживеат во турбулентните години.
Најпосле, од локална важност беше и панелот кој се занимаваше со хрватската продукција. На него како посебен гостин учествуваше министерката за култута на Р.Хрватска Nina Obuljen Koržinek која потвди дека се подготвуваат измени на законот со кој ќе се усогласат законите на ЕУ со законите на Р.Хрватска и врз основа на тоа ќе се алоцираат повеќе средства за аудиовизуелниот сектор, со што ќе се отвори можност за поголема соработка на независните продуценти и ХРТ.
Со панел-дискусиите, NEM им овозможи на гостите и ексклузивни скринизи во вид на NEM Showroom, приватни арени во кои заинтересираните можат да видат нови формати на реномираните дистрибуциски куќи: Global Agency, FreemantleMedia, Lionsgate, BBC Worldwide, но и Robert Knjaz и неговата куќа Redneck and Sons. Со овај потег, NEM и понатаму настојува да ги поврзе европските продукции со локалните, создавајќи прилика за запознавање на хрватската и регионалната сцена.
Networking прилики на секој чекор
NEM не служи само како место за панели, туку првенствено е посветен на networking, што е докажано во неколку наврати. Малите networking настани во вид на паузи за кафе, ги спонзорираа познатите компании како Nescafe, Mediavision, Akamai, NBCUniversal, Mediatranslations и Discovery Networks, но вистинските networking настани настапуваа во текот на вечерните часови. Ексклузивен и највпечатлив настан секако беше прекрасниот Pickbox Welcome Drink кој се одржа на покривот на хотелот Dubrovnik Palace, а во текот на кој американскиот актер Michael Weatherly одржа приватна Q&A Session со водителката Антонија Мандиќ. Eutelsat, долгогодишниот спонзор на NEM 2017, одлучи да го искористи networking настанот и да прослави 20 години успешна соработка со Fashion TV на кој се одржа и посебна ревија за сите гости која зрачеше со посебен карактер. FOX Networks Group ја затвори сезоната на вечерни настани на NEM со голема забава во клубот Lazareti, каде што успеа да разигра и да поврзе многу деловни луѓе и да договори соработки.
NEM 2017 докажа многу работи, а пред се` дека на пазарот е потребно да се биде иновативен, свеж, релевантен и да се слуша својата публика. Се` што може да се каже е: се гледаме на NEM 2018!