Рекламирањето е достапно насекаде околу нас: на натпреварите, напуштените објекти, превозните средства, тоалетите во рестораните, автопатите, па така и на телевизија. Дали навистина постои ситуација што може да се нарече – премногу рекламирање? Ќе дознаеме од врвните професионалци, говорници на панелот на New Europe Market 2018 во Дубровник, кој ќе допре до приходите, публиката, содржините и новите алатки во огласувањето.
Секој сака да види интересна реклама, да слушне зарезен џингл или да повторува реченица од реклама што му се допаѓа. Од друга страна, сите сме биле во ситуација да се кажеме: “Ако ја видам оваа реклама уште еднаш …” Да се заработи од огласување, а да не се изгуби наклонетоста на публиката, а со тоа да се задржи огласувањето на нивото на кое нема да иритира – е предизвик за експертите.
Филозофијата на огласувањето треба да го ангажира купувачот, не само да го купи производот, туку и да предизвика емоционална реакција кај купувачот. Традиционалното рекламирање е сè уште актуелно (особено на нашите простори), но потребата за содржина која не е грубо фокусирана на продажбата се зголемува се повеќе. Овде доаѓаме до прашање – дали native огласувањето е подобро и попрофитабилно од класичното?
За сите овие интересни прашања од свој аспект, ќе одговорат говорниците на панелот “Огласување – кога е премногу“, модериран од страна на Kaltrine Bylykbashi, уредник на Television Business International, со која на панелот ќе зборуваат и Alida Žorž Miketek, директор на AGB Nielsen Audience Measurement Хрватска, Dirk Gerkens, извршниот директор на TV2 Media Group и Срѓан Шапер, основач на I&F McCann група, кој истакна:
“Нашето време е предизвик и за огласувачите и за брендовите и за агенциите, бидејќи мораме да најдеме начин како да додјеме до потрошувачите со порака која ќе биде релевантна за нив. Потрошувачите денес се затрупани со бучава од разни пораки, често е тешко да се препознаат оние вистинските. Најдобар начин да се стават потрошувачите и публиката на страната на брендот е да се направат персонализираните реклами корисни и забавни, според мое мислење и пред сè, паметни. Ова е уште поизразено ако знаеме дека просечното внимание на денешниот потрошувач трае само 6 до 8 секунди. Затоа, пораката треба да биде јасна, искрена, насочена … затоа што само пораките кои траат “ја прават разликата” … во суштина ова море од содржини ќе доведе до потрага по големи идеи кои долго траат. Креативноста ќе биде на добивка “, смета Шапер.
Свет без маркетинг?
Гај Бисон, директор за истражување од компанија Ampere Analysis, чија специјалност е глобалната ТВ-индустрија и кој има повеќе од 20 години искуство како водечки аналитичар, се осврна на давателите на SVOD услуги на кои нема рекламирање:
“Постои голем ризик за создавање база на гледачи без толеранција за огласување. Ова е особено специфично кај најмладите демографски групи чие искуство на гледање често се фокусира на SVOD услугите. Просечен SVOD дом веќе дневно гледа околу два часа содржина, додавајќи ја дополнителната закана на замена за комерцијални емитери. Повторното ангажирање на оваа публика ќе биде клучно поле за игра, за играчите кои се потпираат на реклами во следната деценија.”
Клучен настан за вмрежување
Годинешното издание на NEM од 11 јуни до 14 јуни е шесто по ред и вистинска можност за Вашата нова бизнис приказна. Инспирирајте се со панелите, светски познатите говорници на медиумската индустрија, проекциите и продуктивното дружење со луѓе со слични интереси.
“NEM стана клучен настан за операторите во регионот (а тоа го велат и нашите клиенти), нудејќи неверојатни можности за вмрежување, зближувајќи ги сопствениците на содржината и инфраструктурните играчи … И сето тоа во средина која едноставно го одзема здивот”, заклучи Бисон.
На официјалната страница на NEM www.neweumarket.com осигурајте ја Вашата акредитација и сместување, за да ги поврзете бизнисот и задоволството.