New Europe Market, најголемиот настан во регионот на Централна и Источна Европа специјализиран за развојот на телевизиската индустрија се враќа во Дубровник. Веќе осма година по ред, водечките медиски и телевизиски експерти од Европа и остатокот од светот ќе се соберат во Хрватска. Под слоганот „The TV market with a view“ („Телевизискиот пазар со поглед“), од 8 до 11 јуни 2020 година, NEM Dubrovnik уште еднаш ќе биде домаќин на бројни глобални компании во Хотелот „Палас“ во Дубровник: водечки free-to-air (FTA) и pay-TV канали, кабелски и сателитски оператори, IPTV, продукциски, дистрибуциски и технолошки компании, национални и меѓународни медиуми, маркетинг и медиа агенции и бројни експерти поврзани со телевизиската индустрија.
NEM Dubrovnik ќе ги покрие трендовите во глобалната и локалната продукција, компетитивноста на регионот преку ко-продукција (што имплицира високи буџети), развојот на дигитални содржини, врските помеѓу on-demand платформите и телевизиските канали, како и улогата на адвертајзингот во телевизиската индустрија, борбата против пиратеријата во регионот и високите цена на спортските содржини како преносот на фудбалски натпревари и турнири.
Зошто NEM Dubrovnik е важен за регионот на Централна и Источна Европа?
Еден од клучните сегменти на секое едно издание на NEM Dubrovnik е т.н. NEM Showroom каде што се презентираат најновите содржини на големите продукциски и дистрибуциски компании како BBC Worldwide, Freemantle, Lionsgate и Global Agency. Тоа е начинот на кој NEМ ги информира европските продукциски компании од регионалната сцена, припремајќи терен за нови можности и договори. Всушност, NEM Dubrovnik беше местото каде хрватската серија „The Paper“ склучи глобален дистрибуциски договор преку израелски Keshet International.
NEM со години ја има поддршката на водечките меѓународни компании од медиската индустрија, признати и наградувани носачи на одлуки од телевизискиот свет како BBC Studios, CBS Studios International, Disney, NBC Universal International Networks, Warner Bros., Fremantle, Sony Pictures Television, FOX Networks Group, MGM, ITV Studios Global Entertainment, Viacom International Studios, Global Agency, Viasat World, yes Studios, Eutelsat, NBC Universal, LG, ZDF, BETA Film, HRT, Nova TV, RTL и други глобални и локални медиски компании. Со оглед на проширената улога што ја имаат телекомуникациските компании во ТВ-индустријата, Deutsche Telekom, Telekom Austria Group, A1 и Hrvatski Telekom го имаат поддржано NEM низ годините.
Меѓу признатите светски продуценти кои учествувале на NEM Dubrovnik се: Том Фонтана, творец на сериите „Oz“ и „Borgias“; Боните Пиетила, продуцент на „The Simpsons“; Најџел МекКрери, творецот на „Silent Witness“; Питер Надерман, еден од пионерите на Nordic-noir жанрот и продуцент на „Millennium“ трилогијата (меѓу кои и „The Girl With the Dragon Tattoo“); Ларс Лундстром, продуцентот на една од најпознатите скандинавски серии „Humans“; како и Ким Мосес, продуцент кој има работено со Netflix, NBC, CW и YouTube, позната по „Ghost Whisperer“ како еден од нејзините најуспешни проекти.
NEM Dubrovnik бил домаќин и на познати глумци и глумици како Џесика Алба, Жабриел Јунион, Мајкл Ветерли, Алан Каминг и Тим Дали, кои на настанот ги претставиле своите најнови проекти во моментот.
Повеќе информации за NEM Dubrovnik, купувањето „First Minute“ акредитации со попуст и достапното сместување на официјалниот веб-сајт ТУКА.