Клучниот регионален ТВ-маркет NEM Dubrovnik годинава го прославува своето десетто јубилејно издание.
Од 5 до 8 јуни 2023 година во Дубровник ќе се соберат водечки имиња од телевизиската професија и бизнисот, и тоа по десетти пат! Во оваа прилика, агенцијата за маркетинг и ТВ индустрија Mediavision, воедно и организатор на NEM Dubrovnik, очекува да потврди околу 60 реномирани говорници, од кои ќе има дури десет клучни говорници од светски познати и водечки компании од ТВ индустријата. Клучните говорници на овогодинешното издание на настанот, по азбучен ред според презимето, ќе бидат:
- Victoriya Boklag, CEO, United Group
- Jamie Cooke, GM CEE, Baltics, Middle East, Mediterranean, Turkey and EMEA Pay TV and Creative Agency at Warner Bros. Discovery
- Louise Pedersen, CEO, All3Media International
- Frank Spotnitz, CEO & Executive Producer, Big Light Productions
- Monty Sarhan, CEO, SkyShowtime
- Melinda Szabó, Senior Vice President B2C Commercial Growth Europe, Deutsche Telekom
- Dušan Švalek, Deputy CEO, CME
- Maria Valenzuela, General Manager, Movistar Plus+ International Division
- Moritz von Kruedener, Managing Director, Beta Film
Десеттиот клучен говорник ќе биде објавен наскоро.
Главните говорници не го кријат својот ентузијазам за гостувањето на ТВ пазарот, познат по квалитетната размена на знаења и информации, презентацијата на најновите содржини и различните можности за проширување на мрежата на контакти.
„Навистина се радувам на NEM Dubrovnik 2023 во јуни. Битката за вниманието на гледачите никогаш не била пожестока од сега. Локалните медиумски куќи, глобалните играчи во индустријата за забава, креаторите на содржини и телекомуникациските оператори на едно место – каква одлична можност да споделиме перспективи и да се обидеме заедно да ја предвидиме иднината“ – истакнува Викторија Боклаг, CEO, United Group.
„Возбуден сум што ќе бидам дел од NEM Dubrovnik 2023 како еден од клучните говорници и ќе ги споделам моите сознанија за индустријата. Знам дека овој ТВ пазар даде голем придонес во развојот на телевизиската индустрија во регионот на Централна и Источна Европа во изминатата деценија и дека ќе присуствуваат колеги од целиот свет, па со нетрпение очекувам да се сретнам со нив во прекрасниот Дубровник“ – посочува Џејми Кук, GM CEE, Baltics, Middle East, Mediterranean, Turkey and EMEA Pay TV and Creative Agency at Warner Bros. Discovery.
„Штотуку го завршивме лансирањето на SkyShowtime на сите наши пазари, вклучително и Централна и Источна Европа, така што е вистинско време да се приклучиме на целата индустрија во NEM Dubrovnik. Со нетрпение го очекувам мојот говор и присуство на прославата на 10-годишнината на NEM Dubrovnik“ – додава Монти Сархан, CEO, SkyShowtime.
Уникатен ТВ пазар во регионот на Централна и Источна Европа
Од 2013 година, Дубровник, еден од најубавите приморски градови во Хрватска, ги собира најдобрите светски медиумски експерти, панелисти и презентери за да бидат во тек со новите трендови, различните стратегии и промените во телевизиската индустрија. Во текот на вкупно четири дена, Хрватска станува европски центар за квалитетно вмрежување и размена на знаење преку панели, презентации, презентација на нови ТВ содржини и други релевантни настани поврзани со ТВ индустријата.
Во изминатите години во NEM Dubrovnik учествуваа претставници на повеќе од 180 големи светски и локални компании, меѓу другите: Eutelsat, Deutsche Telekom, A1 Telekom Austria Group, United Group, Comcast, Irdeto, NAGRA, Global Agency и Warner Bros. Discovery и AMC Networks International, BBC Studios, Paramount, Disney, NBCUniversal, Fremantle, Sony Pictures Television, Pickbox, MGM, all3media, Banijay, ITV Studios Global Entertainment, Viasat World, Telekom Srbija Group, Prva Srpska Televizija, ZDF, BETA Film, HRT, Nova TV, RTL Hrvatska, RTL Hungary и многу други.
Дознајте повеќе информации за настанот и цените на пакетите за учество на официјалната веб-страница NEM Dubrovnik 2023.