Клучниот регионален настан за ТВ индустријата, NEM Dubrovnik, ќе се врати во 2024 година за своето 11-то издание. Како што најавија организаторите, ТВ-маркетот ќе се одржи од 10 до 13 јуни 2024 година, повторно во хотел Дубровник Палас.
„Кога станува збор за бројот на учесници и богатството на агендата, NEM Dubrovnik 2023 беше за паметење. Но, сакаме да се фокусираме на иднината, да ги подигнеме стандардите и да останеме креативни додека го правиме тоа. Технологијата создава сосема нов свет пред нашите очи, медиумскиот пејзаж претрпува длабока трансформација, а индустријата треба да остане во чекор со тоа, така што ќе продолжи да се едуцира и поврзува. Содржината е друга приказна, а сепак приказна која секојдневно експлодира. Ова се главните задачи на NEM Dubrovnik“ – рече Сања Божиќ Љубичиќ, сопственичка на хрватската агенција за маркетинг и ТВ индустрија Mediavision и иницијатор на NEM Dubrovnik и NEM Zagreb.
Низ годините, повеќе учесници го опишаа NEM Dubrovnik како „задолжителен“ настан кој ги собира најдобрите светски медиумски експерти, панелисти и презентери да коментираат за новите трендови, различните стратегии и промените во ТВ бизнисот. Во текот на четири дена, Дубровник станува европски центар за вмрежување и размена на идеи преку панели, презентации, претставување на нови ТВ содржини и други релевантни настани од ТВ индустријата. Поради својот посебен фокус на квалитетно вмрежување, NEM Dubrovnik се издвојува на мапата – познат е како ТВ пазар каде длабоките деловни врски се воспоставуваат во удобно опкружување.
Повеќе информации за настанот и цените на пакетот за учество може да најдете на официјалната страница NEM Dubrovnik 2024.