NEM Дубровник и NEM Загреб се спојуваат и ќе се оддржат заедно од 9-ти до 11-ти декември во Загреб.
Осмото издание на NEM Дубровник, најрелевантниот регионален бизнис настан специјализиран за ТВ индустријата, се одложува за декември 2020 и ќе се оддржи во Загреб за време на сестринскиот настан NEM Загреб, па симболично овогодинешното издание ќе го носи името ” NEM Dubrovnik Meets Zagreb.“
Сања Божиќ Љубичиќ, сопственик на компанијата Mediavision, које е организатор на настанот изјави: “Моменталната неизвесна ситуација во целиот свет го оневозможува организирањето на настанот кој традиционално се оддржува во јуни во Дубровник и затоа ја донесовме оваа одлука за спојување на двата настани, со надеж дека до декември ситуаицијата ќе биде стабилиирана.”

Настанот NEM Dubrovnik Meets Zagreb три дена ќе посвети на ТВ индустријата во Хрватска, регионот и светот и ќе ги донесе на едно место водечките Pay TV канали, FTA канали, стриминг сервиси, телеком оператори и провајдери на разни телевизиски услуги, како и бројни креативци, глумци, продуценти, режисери и сите останати актери во ауди-визуелната индустрија.
Сите досегашни елементи на двата настани НЕМ Дубровник и НЕМ Загреб ќе бидат запазени и присутни, па така повторно ќе биде возможно да се видат бројни панел дискусии со некои од лидерите на светската ТВ индустирја, скринизни на кои ќе се претставуваат новите ТВ проекти, нетворкинг активности за запознавање на учесниците како и работилници на некои од врвните професионалци во индустријата, традиционалниот ТВ маркет. секако
Новото издание повторно ќе вклучи “ТВ writing contest натпреварување (ЛИНК)“, а новина годинава ќе биде “TV Tech Showcase (ЛИНК)“.