Новата онлајн платформа за професионалци од телевизиската индустрија, NEM Network, е спремна за лансирање на 19 август 2020 година. Онлајн екстензијата на нашите омилени настани, NEM Dubrovnik и NEM Zagreb, е замислена како нивно виртуелно издание кое ги комбинира постоечките елементи од настаните во живо и ги задоволува сите потреби на учесниците во телевизиската индустрија. Како и за време на NEM настаните, корисниците на NEM Network ќе можат да ги слушаат, но исто така и да зборуваат со водечките експерти за новите трендови во телевизиската индустрија, да се поврзуваат со потенцијални бизнис патнери, да ја презентираат својата компанија или производ пред клучната публика, како и можност да ги гледаат најновите содржини преку ексклузивни проекции.
Панелите, презентациите, интервјуата и проекциите ќе бидат достапни на барање од каде било и кога било. Дискусиите на различни теми во однос на телевизиската индустрија и поврзувањето преку состаноци, неформални разговори и интеракции помеѓу корисниците на платформата ќе бидат клучен дел од NEM Network. На платформата ќе бидат создадени и специјални групи врз основа на различните теми од интерес на корисниците, како на пример оние фокусирани на продукцијата, дистрибуцијата, технолошките решенија во телевизиската индустрија и многу други релевантни и корисни теми. Во рамки на овие групи, претплатниците ќе можат да ги презентираат своите идеи и погледи или да започнат дискусија на темата од нивен интерес. Уште една специјална опција на оваа платформа ќе биде newsfeed-от, специјален канал кој ќе ги собира клучните информации и вести од водечите медиуми за телевизиската индустрија.
Заедница на телевизиски професионалци достапна кога било и каде било
Главниот мотив за оваа идеја лежи во настаните поврзани со епидемијата на корона вирусот и потребата за собирање и деловно работење која не зависи од состојбите во светот, велат од тимот на NEM.
„2020 година нé натера да размислуваме „надвор од кутијата“ на настанот, па така одлучивме да создадеме место каде корисниците ќе можат да пристапуваат до нови деловни можности и клучни и интересни информации од каде било и кога било. Едвај чекаме да го лансираме нашиот трет NEM проект,“ истакнува Сања Божиќ-Љубичиќ, сопственик на Mediavision, full-service компанија специјализирана за комуникации, аквизиција и дистрибуциски услуги во телевизиската индустрија која исто така ги организира и NEM настаните.
Главната цел на онлајн платформата NEM Network е да создаде заедница на телевизиски професионалци и компании кои се вклучени во креативните, технолошки и деловни процеси во телевизиската индустрија со фокус на регионот на Централна и Источна Европа и европскиот пазар. Платформата на едно место ќе ги собере сите оние кои се заинтересирани за создавање на нови познанства, интересни содржини и релевантни информации: претставници на Pay TV канали, FTA, VOD и продукциски компании, телекомуникациски оператори, технолошки компании и сите останати кои се поврзани со телевизиската индустрија.
Секој кој е заинтересиран за платформата може да ја искористи понудата за “Early Bird“ цени на корисничките пакети за индивидуи и компании. Повеќе информации за пакетите и цените можат да се најдат на веб-страницата на NEM Network.