Организаторите на NEM Zagreb 2024 ги претставија членовите на жирито за второто издание на натпреварот за најдобри телевизиски содржини од целиот регион – NEM Awards 2024.
Пријавените проекти ќе ги оценува истакнат тим од независни ТВ-професионалци, вклучувајќи главни директори за содржина, менаџери за аквизиција, извршни продуценти и сценаристи кои ќе ги оценуваат апликациите во сите категории.
Пријавувањето е бесплатно за учесниците од регионот на Централна и Источна Европа, а роковите истекуваат во октомври.
Жирито ќе биде составено од следните угледни членови:
- Aleš Pavlin, Managing Partner, PERFO d.o.o.
- Anna Rohde, Content Editor, Beta Film
- Anke Stoll, SVP of Acquisitions and Co-productions, Keshet International
- Catherine Gaucher, Manager of International Fictions Coproductions & Acquisitions, France TV
- Danna Stern, Executive Producer / Producer, Global Content Executive
- Emmauel Eckert, Deputy Acquisitions Director, Mediawan Rights
- Larry Bass, CEO & Executive Producer, Shin Awil Productions
- Lenka Szántó, Creative Producer, TV NOVA/VOYO
- Marija Vičić, Executive Director, Two Rivers
- Marc Lorber, Executive Producer, The Art of Coproduction
- Marina Williams, Chief Content Officer & Co-Founder, Asacha Media Group
- Nigel McCrery, Screenwriter
- Oleksandrina Vyshneska, Development Executive Tutor, MIDPOINT Institute
- Ognjen Sviličić, Director
- Peter Nadermann, Producer & Managing Director, Nadcon Film
- Phil Nodding, Screenwriter
- Simona Nobile, Screenwriter/Script Consultant
- Tom Coan, Executive Producer, Universal International Studios
Фил Нодинг, сценарист и добитник на наградата за сценарио на RTS за неговата прва епизода од наградуваната ТВ-серија серија “Shameless” (C4), е среќен што се приклучува на жирито: „Почестен сум и среќен што можам да помогнам во жирирањето на NEM Awards 2024. Во моето пишување, продукција и предавања, секогаш уживам креативно да соработувам со сценаристи, продуценти и студенти од цела Европа – затоа е убаво да се види дека овогодинешниот фокус е на поттикнување креативни врски. Имам пишувано ТВ емисии со сценаристи од други европски земји и од други делови на Обединетото Кралство и возбуден сум што ќе имам мала улога во изборот на овогодинешните достојни победници во категоријата за завршени проекти. Декември ќе биде забавен!“.
Членовите на жирито доаѓаат од земји надвор од регионот на Централна и Источна Европа (главно од земји со висок продукциски капацитет) со цел да се обезбеди правичност во евалуацијата на апликациите. Церемонијата на доделување награди ќе се одржи за време на настанот NEM Zagreb 2024, од 10 до 12 декември 2024 година во хотелот Esplanade во Загреб, на кој свое учество ќе земат клучните актери на ТВ индустријата во Европа.
Наградите се доделуваат во три главни категории:
> Награда за најдобар предразвоен проект за сценаристи кои имаат идеја за ТВ-сценарио во четири поткатегории: Серии според сценарио, Долгометражен филм според сценарио, Документарна серија/Долгометражен филм и Забавен формат.
> Наградата за развој на копродукциски серии, доделувана од Советот на Европа за развој на копродукција на серии, има за цел да ја поттикне креативната соработка во копродукцијата на серии и да ги поттикне независните продуценти со главна награда од 50.000 евра.
> Награда за најдобра завршена ТВ серија во Централна и Источна Европа. Финалисти во оваа категорија, за 2023 година, по азбучен редослед се:
– Fairyland: Age of Temptations, Media Services and Support Trust Fund (MTVA) / National Film
– Institute Hungary (NFI)
– Moth Hunting, TVP (Polish Television)
– Octopus, Czech Television
– South Wind – On Edge, Telecom Serbia
– Spy/Master, Warner Bros. Discovery
– The Cases of Inspector Vrenko 2, RTV Slovenia
– The Highlands, Antitalent/Croatian Radiotelevision (HRT)
– The King, RTL Hungary
– The Silence 2, Drugi plan/Croatian Radiotelevision (HRT)
– The Uninvited Guests, Tet SIA
– Troll Farm, Dansu Films
– Vera, Radiotelevision of Serbia (RTS)
За NEM Zagreb
NEM Zagreb е настан фокусиран на создавањето ТВ серии и филмови. Целта на настанот е поврзување на талентите со вредни можности, создавање простор за нови соработки и подобрување на ТВ индустријата во Централна и Источна Европа. NEM Zagreb создава можности за нови проекти, работни места, копродукции меѓу земјите од Централна и Источна Европа и копродукции меѓу земји со низок и висок продукциски капацитет. Исто така, промовира аквизиција на содржини во и надвор од регионот на Централна и Источна Европа, како и инвестиции од европски или светски стримери во оригинална содржина од регионот на Централна и Источна Европа.
NEM Zagreb 2024 е кофинансиран од Европската Унија, преку потпрограмата Креативна Европа МЕДИА. Повеќе информации се достапни на официјалната веб-страница на NEM Zagreb 2024.