NEM Загреб 2019, зимско издание на реномираниот настан New Europe Market, нуди единствена можност за сите ТВ креативци. Покрај бројните панели, работилници и предавања, NEM организира и конкурс за најдобро сценарио на серија или формат. Без оглед на нивото на сценаристичко искуство, овој натпревар е одлична можност да ја презентирате вашата идеја пред светските имиња на ТВ-индустријата, во две категории:
- Најдобро сценарио во категоријата серија (драма, трилер, криминалистика, фантазија, научна фантазија, комедија)
- Најдобар концепт за специјален формат (реално шоу, квиз, документарна емисија)
Независното, стручно жири е составено од професионалци кои се занимаваат со развивање сценарио, организација на натпревари за сценарио или работилници и се секојдневно во контакт со разни ТВ-проекти.
Farah Abushwesha, Велика Британија, претставник на организацијата Роклиф, продуцентка номинирана за престижната награда БАФТА (Британската академија за филмски и телевизиски уметности) и основач на натпреварувањето за најдобро сценарио Rocliffe New Writing Showcase and Competition. Таа се јавува како продуцент на неколку телевизиски хитови како „The ABC Murders“ со Џон Малковиќ и Руперт Гринт и „Irreplaceable You“ на Нетфликс со Кристофер Вокен. Таа е исто така и автор на бестселери на Амазон, со нејзините книги: „Rocliffe Notes: A Professional Approach For Screenwriters and Writer-Directors“ и „Rocliffe Notes – A Guide to Low Budget Filmmaking: Taking Your Film from Script to Screen“.
ScreenCraft (САД), консултантска агенција која ги поврзува сценаристите и режисерите на филмови со реномирани холивудски продуцентски компании и студија како што се Netflix, CBS Studios Internation, NBC Universal, Fox 20th Century, Lionsgate, Paramount, Sony Pictures Television, Warner Bros, 3 Arts Entertainment, The Sundance Institute и многу други.
Joyrider (Унгарија), креативна мрежа на продуценти и писатели кои развиваат проекти за бројни платформи. „По повод претставувањето на нашата компанија на меѓународниот пазар, благодарни сме што регионот на ЦИЕ конечно има настани како е NEM Загреб. Со нетрпение ја очекуваме можноста за претставување на нашите услуги пред потенцијалните партнери, како и препознавање на нови проекти и таленти“, рече Габор Криглер, основач и извршен директор на компанијата Joyrider, со долгогодишно искуство во HBO Европа, кој е еден од нивните главни клиенти денес.
Cineuropa.org (Белгија), првиот европски портал посветен на кинематографијата и аудиовизуелните уметности на четири јазика. Посебен проект на порталот е ScriptAnalysis, програма која им овозможува на сценаристите повратни информации за нивните идеи и работата, кои ги даваат ТВ-професионалци.
Доменико Ла Порта, главен уредник на порталот, ја поддржува иницијативата на NEM: „ Cineuropa верува дека секој успешен и креативен проект започнува со квалитетно пишување. Писателите мора да имаат финансиска поддршка, но и пристап до конструктивна критика од искусни професионалци запознаени со состојбата на пазарот во ТВ-индустријата “.
Black Nights Film Festival (PÖFF) (Естонија), петдневен филмски фестивал кој со текот на времето стана централно место за собирање на професионалци од Азија и Америка, поврзувајќи ги клучните регионални носители на одлуки. „Возбудени сме што сме дел од NEM Загреб. Со нетрпение очекуваме да ги прочитаме сите интересни проекти, учествувајќи во панели и презентации на успешни ТВ-проекти. Соработката со платформата NEM, како наша централноевропска верзија, ни носи размена на знаење и искуство и развој на соработка помеѓу професионалци“, рече Трин Трамберг, координатор на меѓународниот натпревар за сценарио Script Pool, организиран од филмскиот фестивал Tallin Black Nights.
MIDPOINT (Чешка), платформа фокусирана на развој на сценарија и проекти и поврзување на професионалци во индустријата: сценаристи, режисери и продуценти од регионот на ЦИЕ.
За време на предселекцискиот круг, независно жири ќе избере 30 сценарија од секоја категорија, од кои 10 сценаристи ќе добијат можност да се сретнат со врвни директори од компании како што се BBC Studios, Beta Film, RAI, ZDF, CBS Studios International и HRT. Најдобрите три сценарија од двете категории ќе им бидат претставени во главната сала на сите учесници на NEM Загреб, вклучително и на претставниците на наведените водечките продукциски куќи, а најдоброто сценарио во секоја категорија ќе добие награда во износ од 5.000 евра.
New Europe Market со години е препознатлив како централно место за собирање на професионалци во аудиовизуелната индустрија. Бројни договори се склучени токму во Дубровник, а една од нив ја популаризираше хрватската серија Новости. Продуцентите Небојша Тараба и Миодраг Сила (Drugi plan) на NEM се договорија да соработуваат со израелската продуцентска и дистрибуциска куќа „Кешет“, која ги купи правата за глобална дистрибуција. Набргу потоа, таа се појави на Нетфликс како прва хрватска серија. Работа во соништата склучи и Ларс Линдстром, продуцент на еден од најдобрите скандинавски серии Real Humans. На NEM ги запозна предводниците на продуцентската куќа AMC International кои го откупија форматот и снимија британска верзија на Humans.
NEM Загреб, првото издание на настанот New Europe Market во Загреб, ќе се одржи од 11 до 13 декември во хотелот Esplanade во Загреб.
Повеќе детали за NEM Загреб и натпреварувањето за најдобро сценарио прочитајте на официјалната веб страница на New Europe Market.