Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) започна нова кампања со која ќе се обиде да ги охрабри светските власти да се борат поодлучно против климатските промени.
Кампањата насловена “Don’t Choose Extinction” („Немојте да изберете изумирање“) е лансирана во пресрет на Глобалниот климатски самит на Обединетите Нации кој следната недела ќе се одржи во Глазгов, Шкотска.
Централниот спот на кампањата прикажува диносаурус кој влегува во салата на Генералното собрание на Обединетита нации за да одржи говор кој ќе го инспирира човештвото да пркине со своите самоуништувачки навики. „Ние барем имавме астероид, кој е вашиот изговор?“ – вели диносаурусот.
Кампањата е реализирана на неколку јазици, при што гласот во англиската верзија му припаѓа на актерот Џек Блек, во шпанската на Елиза Гонзалез, во данската на Николај Костер-Валдау, во француската на Ајса Мајга итн.
Креативната агенција која стои позади кампањата е Wunderman Thompson од Њујорк, САД.