Пристигна традиционално најисчекуваната Божиќна кампања на британскиот пазар – ланецот на стоковни куќи John Lewis, препознатлив по своите Божиќни активности, го објави новото креативно остварување насловено “Snapper: The Perfect Tree” („Касачот: Совршеното дрво“).
Протагонистот на овогодишната реклама е младо момче кое со голема љубов негува растение за кое верува декаќе биде прекрасна Божиќна елка. Меѓутоа, на негово големо изненадување, брзорастечкото растение е всушност од оние месојадните, но со многу добродушен и весел карактер.
Растението е именувано од страна на момчето како „Snapper“ („Касачот“) и има голема желба да се придружи на Божиќната забава, но за жал станува преголемо за дневната соба и е исфрлено надвор на студот.
Сепак, на крајот, растението е добредојдено назад во домот, разделувајќи подароци со толку голем ентузијазам што семејството наоѓа нова радост во собирањето околу нивното неконвенционално „Божиќно дрво“.
Спотот е проследен со оригиналната посна “Festa” во изведба на легендарниот тенор Андреа Бочели, а напишана и продуцирана од Le Feste Antonacci специјално за кампањата на John Lewis.
Ова е воедно прва Божиќна реклама на John Lewis која е создадена во партнерство со нивната новоназначена креативна агенција, Saatchi & Saatchi.