Ова е веќе втора Гранд При награда за Бургер Кинг оваа недела
Кампањата на Бургер Кинг „Stevenage Challenge“, креирана од страна на агенцијата David Мајами, освои златен лав во категоријата Direct.
Лансирана во 2019 година, кампањата го следи спонзорството на Бургер Кинг на малку познатиот британски фудбалски клуб Stevenage FC. Тие ги поканија играчите на ФИФА 20 да го изберат Stevenage и да ги надминат предизвиците во играта со цел да се обидат да освојат награди.
Поддржувајќи го аутсајдерот, Бургер Кинг го изложи брендот на популарната игра на ФИФА, за мал дел од трошоците за спонзорство, а клубот Stevenage се здоби со огромна популарност онлајн, што исто така влијаеше на нивниот тим и во реалниот живот.
Бургер Кинг веќе веќе освои една Гранд при награда на Cannes Lions во категоријата Outdoor, за својата кампања „Moldy Whopper“, која го покажува распаѓањето на хамбургерот во текот на три дена за да се потенцира фактот дека Whopper е направен од природни состојки.