Подни плочки, платформи, перници… никогаш не изгледале толку вкусно
Минатиот месец (7 јули) одбележан е Меѓународниот ден на чоколадата, а Икеа го прослави на многу “вкусен” начин, правејќи ги некои од своите производи особено неодоливи.
Во низата на постови на социјалните мрежи создадени од агенцијата Acne, познатите чоколади од овој бренд беа поставени како слики од мебел и други предмети кои можат да се најдат во нивните продажни центри, заедно со добро познатите духовити пораки од ИКЕА.