Американскиот комичар Киган-Мајкл Кеј се најде во фокусот на новата реклама на стриминг-сервисот Paramount+, со цел промоција на анимираните серии кои се дел од понудата на платформата.
Актерот, кој е најпознат како дел од комичното дуо на шоуто за скечови „Кеј и Пил“ (Key & Peele), се враќа во улогата на Г-дин Гарви – заменик наставник со интензивен стрес и тенки нерви. Како и во оригиналните скечови, така и во рекламата Г-дин Гарви не може никако да ги погоди имињата на своите „ученици“ – кои во случајот се анимирани ликови од разни детски серии на Paramount+.
Во спотот сме сведоци на повеќе хумористични интеракции помеѓу нервозниот наставник и анимираните ликови, а сето тоа се случува во амбиентот на некоја снежна планина – алудирајќи на логото на стриминг платформата.
Рекламата е создадена во соработка со креативната агенција Droga5.