Светски познатиот бренд на кафе Nescafé го претстави својот освежен изглед за да биде во чекор со вкусовите на љубителите, но и со постојано еволуирачките дизајнерски трендови.
Редизајнот има за цел да внесе доза на модерност низ целата палета на брендот, вклучувајќи ги Nescafé Original, Nescafé Gold Blend, Nescafé Azera и Nescafé Frothy Coffee, на тој начин осигурувајќи се дека овие омилени кафиња не само што имаат добар вкус, туку и дека ќе изгледаат добро на полица во маркетите.
Иако Nescafé ги опишува овие напори за ребрендирање како „големи“, прилагодувањата се прилично суптилни, се чини наменети да го подобрат наместо целосно да го изменат препознатливот изглед на брендот.
Акцентот во логот на „Nescafé“ сега е поистакнат и без исклучок ќе се појавува во живописна црвена боја на сите пакувања. Претходно, имаше некои амбалажи кај кои тој акцент беше прикажан во бела боја.
Секако, на пакувањата ќе има слики од зрна кафе, проследени со текстот “100% responsibly sourced coffee” кој ги известува потрошувачите дека секое зрно е внимателно избрано и одговорно одгледувано од фармери во познатите региони за производство на кафе ширум светот.
Освежиот идентитет ќе биде надополнет со слоганот “Make Your World” („Направи го твојот свет“), нагласувакќи ја посветеноста на брендот да има позитивно влијание и врз животите на луѓето и врз животната средина – од фарма до вашата утринска шоља кафе.
Напорите за ребрендирање на Nescafé ќе бидат поддржани со обемни маркетинг активности низ повеќе комуникациски канали, вклучувајќи традиционални, дигитални и социјални медиуми.