Популарниот бренд на кафе Nescafé тргна на пат околу светот со нова географско-амбициозна кампања. Креаторите на кампањата патуваа на три континенти во текот на 22 дена за да ги истражат културните специфичности зад едноставниот чин на подготовка на шолја кафе.
Кампањата “World Says Coffee” („Светот вели кафе“) опфаќа снимки направени во различни региони, нации и континенти низ светот – од Индија до Италија и Канада. Инспирирана од проценките дека во секоја секунда на планетата се пијат по 5.500 шолји кафе, кампањата се осврнува на тоа како брендот се етаблирал како синоним за популарниот напиток откако ја проширил достапноста во преку 180 нации ширум Земјата.
По повод лансирањето на кампањата, потпретседателката на Nestlé Canada задолжена за брендот Nescafé, Карм ДаСилва, изјави: „Ова претставува неверојатна можност за Nescafé не само да се поврзе со луѓе кои веќе имаат афинитет за нашиот бренд, туку и да ја искористи таа љубов за брендот ширум светот за да им даде до знаење на сите Канаѓани дека, еј, можеби треба да го му дадете шанса на омилената шолја кафе во светот“.
Кампањата е создадена со помош на креативната агенција Courage, додека пак медискиот закуп е задача на агенцијата UM.
Генералниот креативен директор и соосновач на агенцијата Courage, Давал Бат, истакна: „Nescafé е бренд со кој пораснав. Мирисот на кафето веднаш ме враќа во времето кога мајка ми правеше кафе дома, а низ целиот дом ќе се проширеше овој вкусен мирис. Додека разговаравме со повеќе луѓе, се чинеше дека секој има своја верзија на спомените поврзани со брендот – начинот на кој го прават различно во различни култури или како различно се ужива во различни делови на светот.“