Тоа беше уште едно типично утро во Берлин, со стотици пешаци кои чекаат семафорот да засвети зелено за да ја преминат улицата. Тогаш тие забележаа нова кутија поставена од Nescafe на тротоарот, поканувајќи ги да притиснат едно копче…
Ништо не се случуваше, се додека патниците кои се наоѓаат на другата страна од улицата не го притиснат копчето во истото време. Кога и двете копчиња се притиснати, се појавува кафемат, давајќи им на двата пешаци на двете страни по едно шоља топло кафе.
Кампањата “Инстантни конекции” беше создадена од Nescafe заедно со OglivyOne во Франкфурт, на начин да го комбинира кафето со личните конекции, дури при поминување на улица.
Концептот е релативно едноставен, но ефективен. Сите ние сакаме кафе и сакаме да се напиеме една шоља пред да одиме на работа. Замислете го изненадувањето на луѓето кога им е понудена оваа шоља на улицата, надополнето со кратката средба со лицето кое е ‘одговорно’ за таа шоља, на другата страна од улицата. Така, луѓе од сите возрасти си разменуваа поздрави, насмевки, ракувајќи се, уживајќи во шољата кафе и почнувајќи го денот со насмевка.
Nescafe сакаше да не’ потсети дека кафето не’ зближува, создавајќи ‘инстантни конекции’, како што укажува самото име на кампањата. Кампањата не се фокусираше на конкретна промоција на производот, ниту на неговиот вкус, ниту неговиот квалитет. Nescafe изгледа самоуверено во тоа, но се чини дека преферира да го потенцира човечкиот елемент, човечката конекција со која сите можеме да се идентификуваме.
Кампањата на Nescafe е уште еден успешен пример на амбиентален адвертајзинг, оној кој изгледа ефективен, само поради тоа што е смислен и имплементиран на креативен начин, во споредба со оние кои најчесто ги очекуваме. Покрај тоа, искуствениот маркетинг е секогаш добро пречекан од страна на потрошувачите, поврзувајќи еден бренд со позитивна емоција, поврзувајќи ја со чувството кое го искусиле во моментот на кампањата. Не е промоцијата која се брои во случајот, туку конкретното искуство кое останува. Така, оваа кампања успева да ги поврзе потрошувачите меѓусебе на улицата и со брендот, навистина создавајќи ‘инстантни конекции’.
За време на снимањето, Nescafe изброи 33 ‘петки’, 285 мавтања со рака, 839 насмевки и ‘безброј’ разговори меѓу луѓето кои ужуваа во бесплатниот напиток. Во само еден ден, тие инспирираа 318 Nescafe кафе конекции и затоа тие ја завршија својата кампања со зборовите:
“Се’ започнува со едно Nescafe” комплетирајќи ги инстантните конекции, и со брендот, но и со потрошувачите!