Швајцарската мултинационална корпорација за прехрамбени производи Nestlé ја избра агенцијата WPP OpenMind да биде нивен главен медиски партнер за европскиот пазар.
Избраната агенција ќе ги координира сите маркетиншки комуникации на Nestlé, вклучувајќи го закупот на рекламен простор и планирањето кампањи, за стотиците брендови кои компанијата ги пласира ширум Европа – од чоколади, до кафе. Претходно, швајцарската компанија ангажирала поголем број медиски агенции за разните локални пазари на континентот.
„Резултатот од договорот ќе биде подобрено носење одлуки и медиско планирање, со цел да им се овозможи на кампањите да градат брендови и да го привлекуваат вниманието на потрошувачите во голем размер“ – изјавиле од Nestlé за новинската агенција Reuters, по повод постигнатиот договор со WPP OpenMind.
Компанијата одбила да коментира за тоа колкав е нивниот буџет за огласување и маркетинг во Европа, вклучително и за деталите на договорот – како, на пример, колкаво е неговото предвидени времетраење.
Nestlé важи за најголемата прехрамбена компанија во светот според приход и повеќе други метрики, како и за еден од најголемите огласувачи на глобално ниво.