Производителот на чокаладите КитКат започна да користи остатоци од какаото за засладување на темните чоколада, без додавање на шеќер. Методата може да ја намали количината на шеќерот во чоколадото до 40%.
Компанијата Нестле пронајде начин за создавање чоколада без додавање на шеќер, потпирајќи се исклучиво на остатоци на растението какао за засладување на темното чоколадо, затоа што потрошувачите сакаат природна и здрава храна.
Оваа прехрамбена компанија користи патентирана техника за претварање на белата пулпа која ги покрива зрната какао, во прав што содржи природен шеќер. Оваа есен во Јапонија, Нестле ќе започне да продава КитКат со 70% темно чоколадо по новиот рецепт, кој не вклучува дополнителен шеќер.
Досега, пулпата никогаш не се користела како засладувач на чоколада и вообичаено се фрлала.
Нестле би можел да го искористи истиот процес за производство на млечни или бели чоколада во иднина, изјави Александар вон Маилот, шеф на кондиторскиот оддел на Нестле.
Индустријата на храна и пијалоци е под притисок на потрошувачите и владата за произведување на поздрави производи поради зголемување на стапката на дебелина и дијабетес. Овој потег на Нестле може да ја зајакне неговата позиција како лидер во индустријата, а доаѓа три години по пронаоѓањето начин да се промени структурата на шеќерот со цел да се зголеми неговата сила за засладување.
Најголемата светска прехрамбена компанија планира следната година да ја користи техниката на пулпа и за останатите брендови на кондиторски производи во другите земји.
„Користењето на пулпа го прави премиум чоколадо. Шеќерот е ефтина состојка“, изјави вон Маилот.
Новите 70% темни чоколада на Нестле ќе имаат дури 40% помалку шеќер од повеќето еквивалентни чоколада до додаден шеќер. Чоколадото КитКат има 12,3 грама шеќер по оброк.
.