Компанијата Нестле прва во светот ќе започне да ги пакува своите чоколада во амбалажа за која тврди дека се распаѓа во морска вода во рок од шест месеци
Минатата година, компанијата Нестле се обврза дека до 2025 година целата амбалажа за нивните производи ќе биде биоразградлива или ќе може да се рециклира и повторно да се користи.
Најавувајќи ја новата амбалажа за чоколадата “Yes”, Мајкл Керол, директор на Центарот за иновации и одржливост на компанијата Нестле, тврди дека амбалажата се распаѓа во морска вода во рок од шест месеци.
“Во споредба со амбалажите што се користат денес, тоа е побрзо за околу 450 години”, вели Керол.
Од компанијата за кондиторски производи изјавија дека морале да се надминат повеќе од 90 пречки и предизвици преку развивање на нови материјали и адаптација на постоечките машини и производни линии, со цел производот полесно да се обработи.
Експертите во центарот за истражување и развој на Нестле во Њујорк, истакнаа дека досегашниот производен процес на пакување со ладно затворање на 300 бари во минута, бил возможен само со трајни пластични фолии.
На тимот му требале само десет месеци за да ја дизајнира и прилагоди производната линија и да се осигура дека чоколадите ќе останат во добра состојба за цело време на пакувањето, транспортот и складирањето.
Новото пакувања на чоколадата “Yes“ на база на овошје и ореви ќе се појави на пазарот во средината на јули и на него ќе има порака “Внимателно завиткани во хартија“.