Со цел промоција на својата нова хорор серија Resident Evil, глобалната стриминг платформа Netflix одигра застрашувачки перформанс на улиците на плажата Санта Моника во Лос Анџелес.
Создадена од американската креативната агенција Founders, дел од мрежата на By The Network, перформансот се одигра на една од најпрометните улици во Санта Моника. Изведбата прикажуваше човек заразен со Т-вирус (вирусот од серијата), затворен во голем стаклен кафез, кој во текот на шест часа се претвора во зомби од видот Zero, пред да успее да го скрши стаклото и да им излезе на исплашените набљудувачи.
Новата научно-фантастична/хорор серија Resident Evil, инспирирана од истоимената видео игра, ја раскажува приказната за Џејд Вескер години по вирусна пандемија која предизвикаla глобална апокалипса. Џејд ветува дека ќе ги собори одговорните додека се бори да преживее против оние кои се заразени со смртоносниот Т-вирус.
Шестчасовната изведба била постигната благодарение на четворица актери со сличен изглед кои биле нашминкани да соодветствуваат на различни фази од трансформацијата во зомби предизвикана од вирусот. Стаклениот кафез бил направен од затемнети стакла, а заедно со употребата на чад им било овозможено на актерите неприметно да се менуваат во скриената просторија вградена во кафезот.
Перформансот траел само еден ден, но неговата промцоја на социјалните канали на Netflix продолжи и во следните денови, вклучувајќи снимки „од зад сцената“ кои ја објаснуваат тајната на перформансот.