Секој петти корисник на некои од стриминг сервисите како Netflix, Hulu или Amazon Prime Video, користи нечиј туѓ налог, се наведува во студијата објавена од страна на компанијата CordCutting. Од наведените, најмногу се злоупотребува Netflix, во просек од 26 месеци по корисник, за разлика од Amazon Prime Video сервисот кој во просек неовластено се гледа 16 месеци и Hulu (11 месеци). Причината за ова е тоа што неовластените корисници на Netflix најчесто користат пристап до податоците на своите блиски роднини – 48% од овие корисници ги користат налозите на нивните родители, а 14% налозите на своите браќа и сестри.
Ако земеме дека основната претплата на Netflix е 7,99 долари (студија е направена пред Netflix да ја зголеми цената во јануари оваа година), корисниците кои користеле туѓи налози во текот на 26 месеци, заштедиле по 207,74 долари. Доколку се земе во предвид бројот на корисници кои на овој начин им пристапуваат на сервисот, се доаѓа до износ од 192 милиони долари потенцијални загуби за Netflix и тоа на месечна основа. Amazon во истиот временски период потенцијално губи 45 милиони долари, а Hulu 40 милиони долари.
Меѓу корисниците кои на овај начин пристапуваат до стриминг сервисите најмногу се милениумци. Тие се најголемите демографска група која на овај начин ги користат Netflix (18%) и Hulu (20%), додека Amazon Prime Video најмногу нилегално се користи од страна на припадниците на Baby Boomers генерацијата.
Зошто во претходниот дел наведовме дека се работи за потенцијална загуба? Постојат тврдења дека корисниците што пристапуваат до содржината на пиратски начин никогаш не би платиле за пристап до овие услуги. Сепак, истражувањето покажа дека одреден процент на корисници се согласиле да платат за овие услуги, доколку веќе немаат можност да ги користат бесплатно. Дури 59,3% од корисниците се изјасниле дека би платиле за Netflix (што според проценката околу изнесува 14 милиони корисници). Тие ќе донесат дополнителен профит од 112 милиони долари на компанијата. Кога станува збор за Hulu, тоа би го направиле 37,8% од корисниците (околу два милиони), додека за Amazon Prime Video би платиле 27,6% (или околу еден милион корисници). Се разбира, овие бројки треба да се земат со резерва, бидејќи едно е тоа што корисниците велат дека ќе го направат, а друго е она што навистина би го направиле.
Компаниите се борат на различни начини за привлекување на нови корисници. Hulu го стори тоа со намалување на цената на 5,99 долари месечно, додека Netflix започна со друг начин. Имајќи голема доверба во својата вредност, тие ја зголемија цената на основните услуги на 8,99 долари, додека најпопуларниот месечен план поскапи на 12,99 долари. На овој начин, Netflix сака барем некако да ја ублажи загубата на споделувањето на пристапот меѓу корисниците.