Стриминг сервисот Netflix соопшти дека нивната глобална претседателка за огласување, Џереми Горман, ја напушта функцијата околу една година откако се приклучи на компанијата за да го раководи лансирањето на нивното претплатничко ниво поддржано од реклами.
На нејзино место доаѓа Ејми Рајнхард, моментално потпретседателка за студиски операции во Netflix, која има искуство во ТВ дистрибуција. Рејнард ѝ се придружи на компанијата во 2016 година како потпретседателка за стекнување содржини.
Иако светот на огласувањето е нов за Рајнхард, ко-извршниот директор на Netflix, Грег Питерс, смета дека нејзините вештини се соодветни за новата улога.
„Во нејзините речиси седум години во Netflix, Ејми се покажа како исклучително силен лидер – со длабоко разбирање за забавниот бизнис и вкусовите на потрошувачите, како и способност да изгради трајни партнерства низ индустријата. Овие вештини, особено нејзината сила во светот на телевизијата и филмот, се клучни за успехот на нашиот огласувачки бизнис“ – посочи Питерс.
Во јули, како дел од извештајот за деловните резултати во второто тримесечје на годината, Netflix соопшти дека бројот на претплатници кон нивото поддржано од реклами „се зголемил речиси двојно“. Платформата сега има повеќе од 10 милиони глобални активни корисници на месечно ниво кои што се претплатени кон нивото со реклами.
Во други промени во раковнодната структура, Netflix ја унапреди Јунис Ким, која го водеше тимот за иновација на производи за широка потрошувачка, во генерален директор за производи, а Елизабет Стоун, која го раководеше секторот за податоци и увиди, во генерален директор за технологија.