Според предвидувањата на BMO Capital Markets, популарниот сервис за стриминг на содржини Нетфликс, ќе потроши 17,3 милијарди долари за оригинална содржина оваа година.
Ова е далеку повеќе отколку што планира да потроши конкуренцијата, но и повеќе во однос на трошењето на Нетфликс на оригинална содржина во 2019 година (потрошени се 15,3 милијарди долари).
Исто така, аналитичарите предвидуваат дека инвестиците во оригинална содржина на Нетфликс ќе достигне износ од 26 милијарди долари до 2028 година.
Нетфликс сè уште не ги потврди овие предвидувања на аналитичарите, но може да го објави вистинскиот износ што има намера да го потроши на оригиналната содржина за неколку дена, кога е планирано објавување на финансиските извештаи на „Нетфликс“ за четвртиот квартал од 2019 година и за цела 2019 година.
Во однос на конкуренцијата, Apple има буџет од 1 милијарда американски долари за својот Apple TV, а HBO за HBO Max и NBC Universal за Peacock, имаат по 2 милијарди долари.