Стриминг сервисот Netflix постигнал договор за стримување на американскиот кечерски спектакл WWE (World Wrestling Entertainment), означувајќи го најзначајниот продор на платформата во преносот на спортски и забавни настани во живо.
Почнувајќи од јануари 2025 година, на Netflix ќе се стримува главното неделно шоу на WWE, познато како Raw. Со тоа, WWE Raw нема да се емитува во живо на линеарен телевизиски канал за првпат од своето основање пред повеќе од три децении. Првата за пренос на спортско-забавниот настан во моментов ги држи NBCUniversal.
WWE Raw ќе се емитува секоја надела на Netflix во САД, Канада, Латинска Америка и Обединетото Кралство, а со текот на времето ќе се додаваат и дополнителни земји. Netflix исто така ќе стримува други шоуа и специјални изданија на WWE надвор од САД, вклучувајќи ги SmackDown и Royal Rumble, како и документарни филмови и серии.
Се верува дека Netflix платил околу 5 милијарди долари за правата за пренос на WWE во текот на следните 10 години. Шоуто во моментов носи околу 17,5 милиони уникатни гледачи во текот на годината.
Стриминг сервисот исто така соопшти дека забележал значително подобрување на пазарните резултати во последниот квартал на минатата година, додавајќи 13 милиони нови претплатници и пораст на приходите до вкупен износ од 8.8 милијарди долари, со профит од 938 милиони долари.