Во своите таргетирани реклами за сериите и филмовите, компанијата користеше актери со црна боја, дури и кога тие играа прилично маргинални улоги во предложените филмови
Нетфликс се соочува со критики откако е откриено дека во нивните листи на препорачани филмови и серии за корисниците со темен тен, користат реклами со црни актери, дури и кога рекламите биле за филмови и серии со актери со претежно бел тен.
Поточно, овие реклами, кои многумина ги окарактеризираа како навредливи, погрешни и неодговорни, во центарот на вниманието ставиле црни актери од филмовите или сериите, дури и кога тие играат сосема маргинална улога. Така на пример, за рекламирањето на филмот Love Actually, се користени слики Чиветел Еџиофор, иако тој беше единствениот црн актер во филмот, наместо Хју Грант и Мартин МекКачион.
И други филмови се огласувани на сличен начин, како што е The Good Cop, во кој главните актери со бел тен се заменети со црни споредни актери, додека рекламите за Like Father, ѕвездите Келси Грамар и Кристен Бел се заменети со релативно непознати црни актери.
Толана Шоне, водител на The Receipts Podcast, по овај повод изјави: “Тоа е наметливо. Тоа е темната страна на маркетингот. Јас го забележав ова пред некое време, во филм со Зак Ефрон кој веќе го гледав, но Netflix упорно ми го препорачува како филм со Мајкл Б. Џордан. Минатата недела гледав околу 30 минути од една романтична комедија, бидејќи мислев дека се работи за црна двојка која беше на постерите кои ми се прикажуваа. Јас сакам да ги гледам тие приказни, и тие знаат дека сакам да ги гледам тие приказни. Но, зошто едноставно да не се прават повеќе такви приказни? “
Нетфликс во реакција за Гардијан вели дека нивната платформа на бара од корисниците податоци за расата, полот или етничката припадност, така што не можат да ги користите овие информации за персонализација на индивидуалните искуства. Компанијата инсистира на тоа дека секое прилагодување на содржината се базира на историјата на гледање на секој корисник.