Со цел промоција на новиот акционен трилер Extraction 2, кој веќе може да се гледа на Netflix, стриминг платформата создаде уникатен билборд кој се „поти“.
Случајните минувачи можат да наидат на ваков билборд на улиците на Лос Анџелес и Њујорк, а при допир на прикажаниот лик на главниот актер Крис Хемсворт – ќе почувствуваат капки вода кои треба да ја имитираат неговата пот, така укажувајќи на интензитетот на акционите дејствија кои можат да ги видат во филмот.
Билбордот користи темпиран систем кој рециклира вода, а идејата е реализирана од страна на креативната агенција Omelet и продукциската компанија UNIT9.