Netflix конечно се збогува со трендот на слаб пораст на базата на претплатници, и како што самиот најави овој квартал ги надмина и своите но и очекувањата на Wall Street.
Акциите на Netflix апсолутно се искачуваат во нагорна линија, сега дури и повеќе од 20% откако се објави извештајот на приходи од тргување. Со скорешниот неверојатен скок на цената на акциите, компанијата доби речиси $ 10 милијарди.
Компанијата не само што ги зголеми сопствените очекувања, но е и во потрага по огромни бројки на потенцијални претплатници во кварталот исполнет со празници кој следи во периодот на следните месеци.
Во претходниот квартал, компанијата не само што забележа ‘’мека’’ добивка на претплатници – вклучувајќи ги и меѓународните – но тоа, исто така не го оствари својот таргет за третиот квартал. Конзервативноста на компанијата, покрена бројни сомнежи во Вол Стрит дека компанијата ќе биде во можност да успее да го задржи темпото на својот меѓународен раст како што и брзо се проширува во нови земји. Но, конзервативната цел на компанијата успеа да се исплати во форма на додавање на 3,2 милиони нови интернационални претплатници, и 370.000 домашни претплатници. Вол Стрит очекуваше од компанијата да додаде 304.000 претплатници од САД и околу 2 милиони меѓународни претплатници. Аналитичарите пак очекуваа заработка од 6 центи по акција при приходи од $ 2,28 милијарди долари.
Корисниците се возбудени за новата оригинална содржина што е доволно примамлива за да привлече бројни меѓународни потрошувачи кои со со нетрпение чекаат да ги погледнат содржините.
Netflix изјави дека надминувањето на прогнозите се должи на возбудата на корисниците со новите оригинални содржини . Покрај оригиналните содржини Netflix може да се пофали со брзо растечки приходи во оваа година и заработка од 12 центи по акција. Од последниот извештај добиени се податоци дека Netflix успеа да ги покрие сите свои загуби забележани овој Јануари.
Ширењето на интернационални пазари и добивањето на нови претплатници за Netflix и не е толку мала и едноставна задача. Со оглед на регулациите и пречките за ширење на меѓународен пазар, оваа компанија забележа неколку уназадувања. Во согласност со овие податоци компанијата ги смали своите очекувања како резултат на нарушувањето на оптимизмот околу ширењето на пазари како Кина кои имаат одредени регулации за медиумскиот простор.
Една од додатните пречки за ширењето надвор од границите на САД за оваа компанија се и сервисите за декодирање кои на интернационалните гледачи им обезбедуваат без лиценца во нивната земја да гледаат содржини наменети за Американскиот пазар.
Сепак Netflix иако го надмина падот од 13% и оваа измината година бавно ги гледаше резултатите од своите напори сепка се соочува со трнлив пат за да стигне до посакуваната целна публика.Долгорочните стратегии на компанијата иако изгледа дека во овој период функционираат сепак пред оваа компанија стои долг пат кој треба својот фокус да го стави врз добивањето на нови претплатници.