Во последните неколку денови на интернет кружеа креативни решенија “на Netflix” за OOH медиуми, во кои се откриваше како завршуваат некои од најпопуларните серии – со цел луѓето да останат дома.
Сепак, ова не беше вистинска кампања на Netflix.
Целата кампања била смислена од двајца студенти од Хамбург. Тие сметале дека најдобар начин да се спречи ширењето на Коронавирусот е луѓето да останат дома, а тоа тие го замислиле така што би им пласирале спојлери од најпопуларните серии надвор, на билборди.
Сепак, ова било направено само дигитално :)
Одлична идеја за кампања во секој случај :)