Вкупниот бруто домешен производ (БДП) на пет балкански земји е помал од моменталната вредност на компанијата Нетфликс, покажува истражувањето на порталот How Much.
Резултатите од истражувањето се добиени со споредување на пазарната капитализација на некои од најголемите светски компании на берзата во САД со БДП на земјите во развој.
Нетфликс, една од најпознатите сервиси за онлајн гледање филмови и серии, вреди вкупно 166,38 милијарди долари.
Пазарната капитализација на Нетфликс вреди повеќе од кумулативниот БДП на Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Македонија и Хрватска, со оглед на тоа што вкупниот БДП на овие пет држави изнесува 149,29 милијарди долари, пренесува Investitor.me.
Највредните компании главно се занимаваат со технолошки или финансиски дејности, при што само Мајкрософт надминува вредност од трилион долари (илјада милијарди).
Високата пазарна капитализација на овие компании е уште поизразена во однос на БДП на земјите во развој, особено во Источна Европа, Африка и Латинска Америка. Некои капитализации се исто така повредни и во споредба со многу поголеми земји, како Аргентина и Русија.