Меѓународната компанија за прехрамбени производи Mondelēz ја претстави новата бренд платформа за својот премиум бренд на швајцарско чоколадо Toblerone.
Новиот слоган на брендот ќе биде “Never Square” („Никогаш квадрат“), што во преносно значење би било „никогаш досадно“ или „никогаш вообичаено“. Слоганот треба да го отсликува духот на брендот, секогаш насочен да ги предизвикува стандардите, да ја поттикнува уникатноста и да ги слави оние што се осмелуваат да бидат различни.
Истиот став го имал и самиот основач на брендот Теодор Тоблер во 1908 година. Имено, кога чоколадната индустрија одлучила дека чоколадите треба да се произведуваат во форма на плочки, од Toblerone смело им пркоселе и лансирале производ во форма на триаголник – облик по кој брендот останал препознатлив до ден денес.
Во истиот дух, со лансирањето на новата бренд платформа, Toblerone лансираше и нов производ – чоколадни тартуфи во форма на дијаманти. Новите Toblerone Truffles претставуваат возбудлива комбинација на оригиналниот вкус на Toblerone со нов, кадифено мазен центар на тартуфи и крцкави парчиња од мед и бадем, обвиткани во уникатна форма на дијамант. Тартуфите веќе се лансирани на пазарите во Обединетото Кралство, Швајцарија, Австралија и во малопродажната мрежа на World Travel, пред да се прошират во други земји следната година.
Медиумската кампања која беше лансирана напоредно со новиот слоган и производ е создадена во соработка со креативната агенција LePub Amsterdam и модниот фотограф Ману Фаук. Неговото остро око внесе еден поинаков естетски третман во визуелните промотивни содржини на прогресивниот и премиум бренд на чоколадни производи. Погледнете: