По повод лансирањето на новото продолжение на филмската франшиза „Невозможна мисија“, авиокомпанијата Etihad Airways и филмското студио Paramount изведоа невозможен подвиг.
Во објавеното видео полно со адреналин, Etihad Airways состави екипа од храбри луѓе облечени како пилоти и стјуардеси на компанијата, им даде падобран и по еден музички инструменти. Овие потоа скокнаа од авион во лет и ја изведоа препознатливата тематска песна на филмслката франшиза додека паѓаа 4 километри со брзина од речиси 200 километри на час.
Кампањата за промоција на подвигот била создадена во соработка со креативната агенција Impact BBDO и продукциското студио Hanzo.
Новиот филм “Mission: Impossible – Dead Reckoning Part One” беше лансиран минатиот месец, а љубителите на акционите филмови имаат можност во него да го видат Том Круз на 61 година како ја изведува една од најопасните акробации во филмската историја.
Имено, актерот излетува со мотоцикл од висока карпа, а потоа користи падобран за безбедно да се спушти на земјата. На акционата ѕвезда му биле потребни 500 часа обука за скокање со падобран и 13.000 скокови со мотор за да биде спремен за изведување на невозможниот подвиг.