Одлична вест ни дојде денеска од Кан.
Во предвечерието на одлуката за победник во категоријата “Titanium and Integrated Lions” која треба да биде објавена утре во 23:00 часот, денеска беше објавен списокот на финалисти, каде свое место има и македонската агенција Њу Момент.
Во конкуренција со уште 29 други финалисти, Њу Момент ќе се натпреварува со кампањата која е наречена “10 метри одвоени“.
Нарачател на кампањата е Генералниот секретаријат на Влада на РМ а спотот е дел од кампањата за соживот и меѓуверска толеранција.
Спотот е сниман во неколку верски објекти во Скопје и околината, и се однесува на првата заедничка (истовремена) молитва на православните христијани и муслиманите.
Финалето (кое во Кан истовремено значи награда) е ПРВА награда за Њу Момент Македонија досега на Cannes Lions.
Стискајте палци утре да земат и златно лавче :)
Надополнето 10:00 ч / 22.06.2013 :
Колку што стигнуваат информациите од нашиот дописник од Кан, по се изгледа дека New Moment Skopje е единствена агенција од Јадранскиот регион која влезе во финале.
Досегашната статистика вели дека само 3 до 5 проценти од кампањите влегуваат во финале – што е навистина успех за респект.