Убави вести попладнево ни доаѓаат од Кан, Франција, каде се одржува најголемиот светски фестивал на креативноста – Cannes Lions 2015.
Пред неколку часа беа објавени финалистите во неколку категории од вкупно годинава пријавените 40 133 проекти во вкупно 21 категорија.
Во категоријата PR lions, каде се натпреваруваат дури 1 969 проекти, токму македонската агенција Њу Момент Њу Идеас Компани успеа да постигне исклучителен успех и да се пласира помеѓу финалисите со нивниот проект за ТВ Телма, “Црвен Телефон“ реализиран во март годинава.
Претставувањето на кампањата можете да го погледнете на овој ЛИНК.
Утре во 19:00 часот ќе се одржи наградната церемонија на која ќе бидат прогласени победниците, па се надеваме дека ќе имаме прилика да информираме и за ново освоено лавче за македонската маркетинг сцена :)