Во моментов, околу 40 проценти од приходите на “Њујорк Тајмс” доаѓаат од дигитални платформи.
Во извештајот за 208 година, Њујорк Тајмс објави дека компанијата заработи 709 милиони долари од дигиталните платформи.
Директорот Марк Томпсон објави дека целта е зголемување на бројот на претплатници на повеќе од 10 милиони до 2025 година, додека во моментов има 4,3 милиони вкупно во дигиталните и печатените изданија, вклучувајќи го крстозборот и претплатата на NYT Cooking.
Компанијата минатата година заработи 1,7 милијарди долари, а дигиталната заработка изнесувала околу 40 проценти од таа сума. Се предвидува дека компанијата наскоро ќе заработува повеќе од дигиталните изданија, пишува Nieman Lab.
Во согласност со проширувањето на бизнисот, се проширува и редакцијата, па сега Њујорк Тајмс има вработено околу 1.600 новинари.
.