Американскиот дневен весник New York Times регистрира речиси 2,5 милиони онлајн претплатници на крајот од третото тромесечие оваа година
Приходите од рекламите во секторот онлајн пораснаа за 11% во кварталот од јули до септември, покажуваат резултатите на компанијата.
Бројот на онлајн претплатниците порасна за 154.000 на вкупно 2,487 милиони во третото тромесечие. На годишно ниво, тоа е раст од 59%, наведува агенцијата Frans pres.
Растот на бројот на претплатници е побрз отколку во претходното тромесечие, кога се зголеми бројот на претплатници за 114.000, додека растот е понизок отколку во првото тромесечие оваа година, кога имаше 348.000 повеќе, што беше поттикнато од победата на Доналд Трамп на претседателските избори во САД.
Додека приходите од рекламите во онлајн секторот пораснаа, тие паднаа во печатеното издание на весникот 20,1%.
Нето добивката на компанијата изнесува 32,2 милиони долари, споредено со 406,000 долари една година претходно.
Прометот се зголеми за 6,1% на 385,6 милиони долари со зголемување на приходите од претплата за 13,6%. Сепак, вкупните приходи од реклами се намалија за 9,0%.
Групата соопшти дека очекува нов пад од 10% на приходите од рекламирање во четвртиот квартал, но и 10% зголемување на приходите од претплатата.