Американскиот дневен весник Њујорк Тајмс брендираше цел метро-воз што сообраќа помеѓу плоштадот Тајмс Сквер и Големата централна страница во Њујорк.
Корисниците на метрото ќе можат да ја „искусат“ целата понуда на содржини што ја овозможува дигиталната претплата кон Њујорк Тајмс, така што секој вагон е уреден да ги одразува различните секции од кои е составен нивниот онлајн портал – вести, игри, готвење, спорт и аудио.
На пример, патниците кои ќе влезат во „спортскиот“ вагон ќе можат да почувствуваат како е да се биде спортски новинар кој влегува во соблекувалната на Њу Јорк Џајантс. Вагонот за кулинарство е опремен со долг кујнски пулт, нудејќи бесплатен пристап до брзи и лесни рецепти за патниците кои сè уште одлучуваат што да подготват за вечера.
Во „новинскиот“ вагон, додека патниците ги гледаат иконичните илустрации на Агнес Ли, тие можат да споделат личен спомен од њујоршкото метро кој потенцијално може да биде објавен како поесбна колумна во весникот. Во вагонот за игри, пак, патниците се предизвикани да состават што повеќе зборови во времетраење од 90 секунди – колку што е потребно за да се стигне од една до друга станица.
Оваа брендирана активација се спроведува како дел од актуелната “All In” кампања на Њујорк Тајмс, а ќе биде достапна за разгледување во њујоршкото метро до 10 септември.