Во денешно време кога животот е брз, заборавивме што сите нас нè движи. Одговорот на ова прашање ќе го најдете оваа есен со освежувачката neXt кампања „Воче покрече“, зад која стои агенцијата McCann Белград.
„На некој мистериозен начин сè е поврзано, доволно е само едно мало движење и сè се менува. Но, она што често ни недостасува е двигател, нешто што ја прави разликата и поттикнува на акција. Токму овошјето ја имаа таа сила да поттикне, да освежи, да разбуди и расположи. Преку серија неодоливи кадри од свежо овошје и излив на бои и вкусови, сакавме да ги потсетиме сите дека овошјето ни дава сила и енергија да ги постигнеме секојдневните цели, нè поврзува и нè поттикнува да правиме големи работи“, вели Јана Савиќ Растовац, извршен креативен директор на McCann Белград.
„Чувството што нè придружува по чаша сочно neXt овошје е тоа убаво чувство дека можеме да направиме сè, дека сме полни со елан и некој нов животен оптимизам кој неминовно го подигнува расположението. NeXt инспиративните визуелни елементи го користат симболот на овошни балони кои нè воздигнуваат и нè водат до новото одлично расположение што на сите толку многу ни е потребно“, додава Јелена Граховац, Head of Art, McCann Белград.