Сигурно се прашувате како помина снимањето на ТВ рекламата „Риско“ на Витаминка со познатите јунаци од популарната серија за деца „Зоки Поки“?
Токму затоа разговаравме со претставници од маркетинг агенцијата Дивисион, која беше главен „виновник“ за идејата и реализацијата на овој проект.
Мошне интересно беше да се работи со овие прекрасни млади актери кои покажаа одличен професионализам на целото снимање.
Со нив снимањето беше исполнето со многу забава и креативност. Интересен е фактот дека Боки навистина уживаше во секој дубл од кадрите кога јаде „Риско“, а тоа придонесе за природните реакции кај другите дечиња Лидија, Гоки и Зоки.
Целта која сакавме да ја постигнеме е да се долови атмосферата на серијата „Зоки Поки“ во нашата реклама, преку автентични ситуации кои ќе изградат емотивна конекција со публиката.
Значајно за целиот наш тим е дека овој проект се сними во одлични безбедни услови во време на пандемија. Беа преземени сите мерки за безбедност и заштита при работа, со обезбедување на сите дозволи за работа во овие услови.
Благодарност до целата екипа која придонесе успешно да се реализира целото снимање!