Францускиот производител на автомобили Citroën лансираше хумористична кампања насловена “The Hunt For Hibernation”, која го промовира луксузниот комфор на новиот хибриден теренец C3 Aircross.
Претставен како возило со кое можете да уживате во отворената природа од позиција на апсолутно спокојство, новиот C3 Aircross го предизвикува вниманието на „глутница“ мечки кои автомобилот го замислуваат како идеално место за својот зимски сон.
За среќа на семејството кое го вози автомобилот, тој исто така нуди доволно добри перформанси за да ги извлече од опасната ситуација и да им „избега“ на мечките кои остануваат само да мечтаат за удобноста на задното седиште.
Кампањата е создадена во соработка со креативната агенција BETC Paris и германското студио за визуелни ефекти bEpic.