Водечката индустриска асоцијација на европско ниво за дигиталниот и маркетинг екосистем, IAB Europe, соопшти дека Николас Риел е избран за нов претседател на организацијата.
Николас бил избран од Одборот на директори на IAB Europe на кварталниот состанок на Одборот на 20 септември. Тој веќе беше директор и член на извршниот комитет на организацијата, како претставник на Alliance Digitale (IAB France-LMMA). Николас го наследува Влодзмирз Шмит, управен директор на IAB Poland.
„Многу сум почестен и благодарен за довербата што ми ја дадоа денес сите членови на Одборот на директори на IAB Europe. Би сакал срдечно да им се заблагодарам и исто така да ја поздравам посветеноста на мојот претходник Влодзмирз Шмит, кој, со поддршка од персоналот на IAB Europe и генералниот директор Таунсенд Фихан, направи извонредна работа. Јас сум целосно свесен за задачата што е пред нас и би сакал да ги уверам сите членови во мојата желба гордо да ја претставувам целата наша индустрија низ Европа“ – истакнал Николас Риел по изборот.
Alliance Digitale (IAB France-LMMA) е среќна што гледа дека нејзиниот претседател ја зазема оваа позиција и верува дека ова е клучен момент за понатамошно зајакнување на соработката на Alliance Digitale (IAB France-LMMA) со своите колеги од IAB Europe и националните IAB-организации во однос на сите клучни прашања низ кои поминува индустријата, а кои бараат колективен и хомоген одговор.