Американскиот ланец на кино-сали AMC Entertainment отпочнува телевизиска кампања вредна 25 милиони долари за да ја врати публиката во кината, откако тие се испразнија во услови на глобална пандемија.
Опишана како првата национална огласувачка програма од некоја голема кино-компанија во историјата на кинематографијата, кампањата за заштитно лице ја ангажираше познатата холивудска актерка Никол Кидман.
Покрај главниот спот од 60 секунди кој може да го погледнете подолу, направени се и помали реклами од 15 и 30 секунди. Нивната цел, како што посочуваат од AMC, е да ја „истакнат емоцијата и искуството кои може да се најдат само на големиот екран во заедничкиот амбиент на филмските кина“.
Слоганот на кампањата е: “AMC Theatres. We Make Movies Better.” („AMC кина. Ние ги правиме филмовите подобри“).