McDonald’s е еден од ветераните кога се во прашање вкусните бургери. Неодамна, брендот за брза храна направи уште повеќе подобрувања во процесот на готвење, правејќи ги бургерите потопли, посочни и повкусни од кога било. По тој повод беше лансирана и новата кампања “Ние ги познаваме бургерите”, наменета за романскиот пазар.
Кампањата се состои од три телевизиски реклами во кои членови на McDonald’s семејството ги објаснуваат подобрувањата на бургерите во сооднос со прехрамбените навики на потрошувачите. Вниманието е насочено кон различни профили на “експерти” за бургери, и тоа “познавач на лепчиња”, “трагач по сосови” и “тренер за вкус”.
Кампањата е создадена со помош на креативната агенција DDB Romania и продукциското студио Multi Media Est.