Nielsen минатата недела објави дека се вклучува во Google Marketing Mix Model партнерската програма. Оваа програма овозможува Nielsen да ги собере податоците на Google за искуствата од огласувањето и вложувањето директно од базата на Google, на стандардизиран и прецизен начин. Nielsen и Google сега со заеднички сили ќе им обезбедат на огласувачите да можат прецизно да го мерат повратот на своите вложувања (ROI) од дигиталните кампањи и со сигурност да разберат што е она што го зголемува ROI и ги подобрува приходите, во однос на претходната година.
Маркетинг микс решението на Nielsen, на огласувачите им обезбедува сеопфатен увид во фактите за она што ја зголемува продажбата. Тоа ги зема во предвид и маркетинг и не – маркетинг факторите, со цел вистински да се разбере влијанието на активностите и начините на кои маркетингот може да се оптимизира во иднина. Огласувачите можат да ги прават и оптримизираат маркетинг буџетите со помош на Marketing Planner алатките на Nielsen, кои обезбедуваат информации за правење на паметни одлуки за тоа каде да се инвестираат буџетите.
„Возбудени сме што сме вклучени во инаугуративното лансирање на програмата на Google, Marketing Mix Model Partner,“ изјави Josh Kowal, виш потпретседател за Nielsen Marketing ROI. „Работејќи директно со Google, овај аналитички сојуз ќе им даде на нашите клиенти сеопфатен преглед на резултатите од нивното маркетинг вложување и ќе им помогне да прават подобри, побрзи и попрецизни одлуки.“
„Во оваа нова партнерска програма, возбудени сме што ќе работиме со Nielsen за на нашите клиенти им обезбедиме точен и независен увид во успешноста на нивното дигитално огласување и повратот на нивните инвестиции,“ изјави Babak Pahlavan, виш директор за управување со производи во Google. „Оваа партнерска програма ќе ни` овозможи да се придржуваме на високите стандарди во заштита на податоците и сигурноста, а исто така, им нуди и транспарентен увид на нашите клиенти во тоа како овие огласи влијаат на нивните крајни резултати.“