Година и половина откако Нилсен ја претстави Total Audience Measurement платформата, компанијата сега се подготвува за промоција на клучната алатка: Total Content Ratings (TCR), која ги мери недуплицираните податоци од конзумирањето на видеата преку линеарни и дигитални платформи и уреди. Податоците на мрежите и купувачите ќе им овозможат целосна слика за тоа колку нивните емисиите се гледаат на сите уреди, и ќе им помогне да одредат како најдобро да ја валоризираат гледаноста.
Почнувајќи од 1 март, TCR ќе има “ограничена комерцијална употреба“,изјави Jessica Hogue, SVP за производи во Нилсен. Индивидуалните издавачи можат да изберат да ги делат своите податоци со другите,со медиумите, агенциите или за други бизнис цели, но нема да можат да даваат било какви податоци од конкурентите. Потоа Нилсен ќе ги направи тие исти информации достапни на агенциите.
Првобитно од Нилсен планирале TCR метриката да биде достапна за сите нивни клиенти од 1 март, но ги промениле своите планови откако неколку медиски куќи, предводени од претседателот за продажба на огласувањето и партнерство со клиентите во NBCUniversal , Linda Yaccarino,побара од Нилсен да го забави воведувањето.
„Секоја презентација почнува со – “потрошувачите денес имаат повеќе избор од било кога порано, а публиката се фрагментира’,“ изјави Glenn Enoh, SVP за увид во гледаноста во Нилсен. „Нашите клиенти сакаат да имаат слика што тоа значи. Знаеме дека луѓето и понатаму ги конзумираат овие програми, но каде тие го прават тоа? “
Раководителите на ТВ куќите со нетрпение очекуваат да почнат да профитираат од податоците од TCR и платформата Total Audience на Нилсен. „Целосно мерење и монетизација на вредноста на секој поединечен гледач претставува голем замав за нас“, изјави претседателот и CEO на CBS Corp, Leslie Moonves. „Нилсен работи подобро… Нема сомнение дека кога разговараме со огласувачите, сите тие сакаат потполна слика, а тоа значи само повеќе гледачи и повеќе приходи за нас. “
Меѓутоа, за сега, купувачите гладаат на TCR како алатка за планирање, а не за купување. „Тоа е чекор напред, и било какво подетално мерење надвор од тоа што го имаме сега е корисно“ изјави David Cohen, претседател за Северна Америка во Magna Global. „Дали тоа е валута? Не. Дали ќе помогне во планирањето и контекстуалната перспектива? Да.“
Но, Нилсен тврди дека како што клиентите се`повеќе би се запознавале со новите податоци, и како би почнале да ги препознаваат новите начини на гледање кои се појавуваат кога ќе се земе во предвид гледаноста на повеќе платформи, метриката ќе им помогне на програмерите и купувачите подеднакво. „Ќе биде потребно време се` ова да се воведе,“ изјави Enoch. „Но почнуваме со тоа.“